„Парфем“ - песна на Пијан Славеј и Тања Тас

29.05.21 11:18

„Сакаш ли да чуеш едно смело прашање: може ли за љубов да се пее по сеќавање?“, се првите стихови од „Парфем“, новата песна на дуетот Пијан Славеј (Бранислав Николов од Фолтин) и Тања Тас (од Темпера). 

Остатокот од екипата го сочинуваат: Гоце Јованоски – бас, Иво Солдатовиќ – кларинет, Антоние Весковски – вибрафон, Мите Димовски - тапани, снимање, микс и мастеринг.

Концептот и анимацијата за видеото се на Ивона Ѓорѓиовска, Илија Тирицовски е извршен продуцент, а Пеце Талески – продуцент. Издавач е ОХО Продукцја.

 ПАРФЕМ

сакаш ли да чуеш едно смело прашање:
може ли за љубов да се пее по сеќавање?
и треба ли за љубов да се пее по сеќавање?
сакаш ли да чуеш едно смело прашање:

и ти ли ги заборави промените во очите?
(вљубенично разбистрени, оргазмично замaтени)
и ти ли ги заборави промените во очите?
(очајнички наросени, пресушени од плакање)

ако светот може без тебе да врти
ќе го пуштам сам да шета по вселената!
кон тебе се вртам со тоа пусто прашање:
треба ли за љубов да се пее по сеќавање?

и ти ли ги заборави промените во очите?
(вљубенично разбистрени, оргазмично заматени)
и ти ли ги заборави промените во очите?
(очајнички наросени, пресушени од плакање)

ако светот може без тебе да врти
ќе го пуштам сам да шета по вселената!
кон тебе се вртам со тоа пусто прашање:
треба ли за љубов да се пее по сеќавање?

Извор: youtube.com

ОкоБоли главаВицФото