Неберикуќник

30.05.2021 15:24

Јас сум полнет петел, јас сум кокошка печена
јас сум лав, на главата имам круна свечена
јас сум волк, имам очи закрвавени што кобат
јас сум паун во наметка зелено сина, собна,
јас сум страчка што со нож на ракавот лета
јас сум автомобил што само во недела шета
јас сум изгубен и само случајно пишувам уште
јас сум камелеон и јас сум обичен гуштер.
Јас сум кнез и Австралоазија ја освојувам.
Имам седум гуски што го чуваат мојот посед.
Со жителите на Турција постојано војувам,
некогаш името на Навуходоносор го носев.
Моите очи се големи и со боја на морска вода.
Место протеза огромни заби на морж јас имам,
кога ќе се појавам јас тогаш доаѓа и зима,
сè станува мраз и по лизгави мостови одам.
За да играат оро со мене самовилите се редат,
светлечките црви со камења ги гаѓаме.
Јас сум крал и вие сте мојата кралица бледа
сто и осум деца ние двајцата ќе изнараѓаме.
Жан одговори: „Јас сум човек што живее во снежна виулица
имам двапати по седум нозе и опаш демонски срамен
цел Јадран го исполнија, пат го сторија рамен,
за да минат топовите и колата како по улица“.

Препев: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото