Повик за учесници на работилницата „Гласот на телото“

31.05.2021 14:05
Повик за учесници на работилницата „Гласот на телото“

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ ги повикува сите заинтересирани уметници и останати креативци, да се пријават за учество во работилницата „Гласот на телото“, која ќе се одржи во периодот од 15 до 22 јуни и ќе биде под менторско водство на американскиот интердисциплинарен изведувачки уметник, едукатор и продуцент Питер Шишиоли и македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова.

Гласот на телото" е 7-дневна работилница за изведувачки уметности што ќе се одржи во Скопје помеѓу 15-ти и 22-ри јуни 2021, фокусирана на движење, глас и тело низ различни уметнички медиум, под водство на танчерката, кореограф и професор Искра Шукарова и Питер Шишиоли, интердисциплинарен изведувач, креатор, едукатор и продуцент со седиште во Бруклин. Како дел од тековниот дијалог што го имаат од 2013 година, Шукарова и Шишиоли ​​ќе ги споделат своите пристапи кон „времето како квалитет“ и „гласот како движење“ преку секојдневна пракса на физичко и вокално загревање, вежби за проширување на перцепцијата и експресивниот опсег на учесниците, како и алатките за создавање материјал преку интердисциплинарен пристап. Работилницата е отворена за учесници од полето на танцот, музиката, театарот, визуелните уметности, како и за сите креативци кои се заинтересирани да се впуштат во овие уметнички истражувања на отелотворен начин. Финалната презентација на работилницата ќе се одржи на 22 јуни со учество на Шукарова, Шишиоли ​​и учесниците на работилницата и ќе биде проследена со тркалезна маса отворена за пошироката заедница, која ќе биде модерирана од водачите на работилницата.

7-дневниот процес на работа е составен од дневни сесии со времетраење од по 3-4 часа. Дневните сесии ќе започнуваат во претпладневните часови и ќе бидат на отворено.
Работилницата ќе заврши со финален настан за презентација и тркалезна маса во Центар-Јадро.

Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на краткиот формулар достапен на следниов линк
Повикот е отворен од 31.05.2021 до 10.06.2021 (00:00 ч.)

Искра Шукарова ги завршила студиите за современ танц на National Conservatorium Superior во Лион, Франција. Во 2002 година магистрирала на Лабан центарот во Лондон, В. Британија. Завршила бројни обуки за танцување со етаблирани уметници. Делата на Шукарова имаат турнеи на регионално и на меѓународно ниво. Била добитник на стипендии како Arts Link и Dance Web. Шукарова била солист во Македонската опера и балет од 1991 година. Таа е една од основачите на Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Таа е исто така соосновач и програмски ко-директор на фестивалот за современ танц Локомоушн во Скопје и еден од основачите на Балканската танцова мрежа и проектот НОМАД танцова академија. Членка е и на мрежата Global Practice Sharing од Њујорк. Од 2010 година Шукарова е професор на катедрата за балетска педагогија - современ танц при ФМУ-УКИМ. Во февруари 2014 година докторира на Факултетот за драмски уметности, при државниот универзитет “Кирил и Методиј” во Скопје.

Питер Шишиоли ​​е интердисциплинарен изведувач, творец, едукатор и продуцент со седиште во Бруклин, чија работа опфаќа танц, музика, театар и филм. Тој ја започнал својата кариера во Чикаго (1996-2002) и оттогаш создава перформативни дела со широк спектар на соработници во традиционални и нетрадиционални простори низ целиот свет, a најмногу во САД, Централна и Јужна Америка и во Источна Европа Во најважните моменти од неговата изведувачка кариера спаѓаат: Концертот на млади уметници на Мередит Монк (Meredith Monk’s Young Artists Concert); јубилејната сезона за 50-та годишнина на Карнеги Хол; Ascension Variations во музејот Гугенхајм во Њујорк; Галилео Галилеј на Мери Зимерман и Филип Глас на во театарот Гудман (Чикаго); Бруклин академијата за музика (Њујорк) и Барбакан театарот (Лондон). Исто така, играл во филмот River of Fundament на Метју Барни / Џонатан, а како танчер, актер и пејач бил член на Jane Comfort and Company во периодот 2004-2010 во кој период настапувал на нивните турнеи. Како едукатор тој го усовршил својот пристап кон Гласот како движење во последните дванаесет години, нудејќи часови, работилници и тренинзи на меѓународно ниво и на бројни универзитети во САД, вклучувајќи ги Duke, Oberlin (неговиот alma mater, матичен универзитет), MIT и Stanford. Во 2012 година, Питер го основа Меѓународниот конзорциум за интердисциплинарни уметници- мрежа на уметници и продуценти кои работат низ различни дисциплини и култури, кои се собираат годишно на уметничка резиденција и Moving Arts Lab, фестивал за интердисциплинарно истражување при Earthdance во Западен Масачусетс. Повеќе инфо на: www.petersciscioli.com

Работилницата е финансиски поддржана од Министерството за култура, како и од програмата GPS/Global Practice Sharing program на Movement Research и фондот на Trust for Mutual Understanding.