Дали учебниците по историја можат да бидат причина за блокада од Бугарија на преговорите на Македонија со ЕУ?

01.06.2021 09:22
Дали учебниците по историја можат да бидат причина за блокада од Бугарија на преговорите на Македонија со ЕУ?

Во српскиов учебник по историја за 8 одделение (од 2021 година) пишува дека кога Црвената армија стигнала на границата на Бугарија, таму избило востание, па било „симнато фашистичкото уредување и била избрана нова влада“.

Е, сега, многу ме интересира:

1) Зошто Бугарија не го блокираше почетокот на преговори на Србија со ЕУ, со барање за измена на учебниците по историја во која Бугарија се претставува како фашистичка земја пред доаѓањето на Црвената Армија?

2) Дали Бугарија ќе ги стопира сега преговорите на Србија со ЕУ, со поставување на услов да се избрише Бугарија од „Сојузот на фашистички земји“ (како што пишува на 81 страница од истиот учебник)?

3) Дали Бугарија ќе побара можеби од Србија да се изменат деловите во учебниците по историја каде што територијата на Македонија се именува како „Стара Србија“?

Прашања кои што заслужуваат одговор, ама би бил навистина изненаден ако некој воопшто и се обиде да одговори.