Работата со МРТВ не е за смеење, туку одамна е за плачење и за срамење

02.06.2021 09:56

Дали власта искрено сака да ја крене Македонската радио-телевизија на здрави нозе или игра аматерскa претстава со два-тројца паљачовци? Работата со МРТВ не е за смеење, туку одамна е за плачење и за срамење.

Тој аматеризам е веќе лесно препознатлив и за обичниот гледач, а не за стари исчукани „картали“, кои одамна не ги читаат вистинските редови, туку читаат помеѓу нив.

Така, конкурсот што е во тек за избор на членови на Програмскиот совет на МРТВ, што го објави Собранието во Службен весник на 7 мај 2021 г., личи на намера воопшто да не успее конкурсот, или да не се изберат вистински луѓе, туку подобни кадри, што значи партиски, кои и натаму ќе го потпираат тоа скеле за политичка глазура и влијание во куќата, односно за месење на тестото што се вика граѓанин/гледач. Значи, намерата е МРТВ да остане куќа со најнизок рејтинг во однос на приватните телевизии, на кои секој има право да не им верува, бидејќи се приватни фирми и си го гледаат својот бизнис интерес и да си дуваат во сопствените едра, не водејќи сметка за општиот интерес.

Бране Стефановски, Слободен печат, 01.06.21.