Per Zeneca аd Astra

02.06.2021 15:51
Per Zeneca аd Astra


Прв и единствен симптом у кризава со Ковид и избори е дека изгубивте вкус.

Мислам, општо онака.

 

Per Zeneca

Ad Astra.

 

А бе слушам се шири ова (како го викаат, мајката)...

ВАКЦИНА ПЕКТОРИС!

 

А бе како викаат...

Двапати д диМЕРИ, еднаш д диСЕСТРА Ѝ!

 

Си лепел мрсули под клупа шо си лепел, ок... Ама, па не кажуј сеа вакцини-макцини.

 

 

Леле па кога ќе седнам у кафана после долго време, ќе ме познаете по фацата, целата... насМЕАНА!

 

Во рибен ресторан, ми носат ракчиња, риба...

Ако ми верувате, ми потекоа ЛИГЊИ!

 

Еве, наречете ме сентиментална будала, но, ќе ми недостасуваат корона времињата поминати без ракување и гушкање. Прекрасни времиња.

 

 

Пред некој ден селанка на нива, вадење безобразно...

Реколтѐ?

 

Прогноза за утре: ништо страшно, само некои невини...

ГрмоДевици!

 

Кралот направил замок за својата кралица.

Ѝ се додворува.

 

Фелацио на француски?

L'Oréal.

 

 

Како ѕвони ѕвончето на „Валијант“?

Дил-Донг.

Сфаќате? Јајца да фаќате, хихи.

 

Честит 1ви Мај... на прслукот! Нема на светот попосветен и повреден...

гРадник.

Сфаќате? БрусШалтерот е секогаш отворен, на големо задоволство на #СмрттаНаХуморот!

 

Да бев месар, ќе продаав мрсни вицови и...

ЛОЛбаси.

 

Смртта, Хуморот и вашите насмевки -

Тоа се моите Св. Троица!

Слични содржини

Книжевност
Пандалф Вулкански
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото