Скопје Hyperlapse

03.06.21 11:29

Видеото „Скопје Hyperlapse“ е збир од неколку десетици илјади фотографии на културни и урбани обележја на главниот град.

„Ви го претставувам мојот најдраг и временски најисцрпен проект досега, комплетиран од неколку десетици илјади фотографии споени во хајперлапс видео. Скопје со неговите културни и урбани обележја се падна како канвас за идеjата и техниката достапна и за изведба на комерцијални содржини“, вели Владислав Гавриловски, авторот на видеото.

 Гавриловски професионално се занимава со видео, фотографија, монтажа, а од неодамна и со филм. Живее и работи во Скопје и е постојано во потрага по нови и интересни перспективи на градот. 

„Видеото се состои од околу 50.000 фотографии и сигурно уште толку кои не влегоа во финалната селекција при неговото комплетирање. Речиси целата содржина се одвива навечер со цел да се избегнат несакани дистракции како гужви и сообраќај, а целта е да се долови магијата на ноќно Скопје“, вели авторот.

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото