Повик за учество во неформална школа „Феминистичко образование за сите“

04.06.2021 10:05
Повик за учество во неформална школа „Феминистичко образование за сите“

 
  Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna, од септември до ноември 2021, ќе понуди неформални и бесплатни студии од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии за секој/а/и заинтересиран/а/и. Целта е академското знаење или теориските идеи кои стојат зад поимот „феминизам,“ како знаење и активистичка пракса, да се приближат на што е поголем дел од населението со посебен фокус на младите жени и девојки, и со што поголема вклученост на сите различности (според етничка припадност, род, различни видови на попреченост, како и економски статус).

Нашата намера е она што го предаваме на магистерските студии по род да се приближи, на соодветен и пристапен јазик, до потенцијалните студенти и студентки кои се (можеби) без високо или више формално образование. Со оглед на тоа дека ИОХН-Скопје е вклучен во активистичката сцена, и е искусен организатор на бројни работилници и обуки за невладини организации, вклучително и за неформални групи од руралните области, потфатот да се приближи темелно знаење до девојки, млади жени и пошироко население без академска формација, би требало да биде достижен предизвик за предавачките.

За овој облик на неформални студии, Институтот ќе издаде сертификат со пресметана вредност во ЕКТС кредити кој би им послужил на оние што студираат или учествуваат во програми на доживотно учење.

За сите прашања заинтересираните слободно нека се обратат на info@isshs.edu.mk ; iskra.gerazova@isshs.edu.mk. Официјалниот повик за пријавување на студент/ки ќе биде распишан во текот на летотот. Исто така при изразувањето интерес да се наведе дали е потребен превод од македонски јазик на албански и/или знаковен јазик.

Извор: Институтот за општествени и хуманистички науки

ОкоБоли главаВицФото