1023 hPa
52 %

18 °C
Скопје - Нед, 22.06.2025 06:59
Група научници од универзитетот Нотингем, од отсекокот за нанотехнологија и нано-наука, успеаја да ја создадат најмалата табла со периодниот систем во светот – и тоа на човечко влакно.
Овие стручњаци користеа сложен јонски зрак и електронски микропскоп за да ги изгравираат симболите на сите 118 елементи во влакното земено од косата на стручњакот за еколошка хемија, професорот Мартин Полијаков.
Професорот Полијаков изјави: „Оваа ’мала’ авантура ни овозможи да им покажеме на луѓето до каде е напреднато нано-пишувањето. Нашиот микроскопист, докторот Мајк Феј, ја изведе целата операција многу едноставно, па така овој процес делуваше демистификаторски во поголемиот дел од времето“.
Погледнете и видео од целиот настан.
Извор: gizmocrazed.com