Да донесеш одлука да не спроведуваш нешто што треба да спроведеш - е апсурд

05.06.2021 09:39

Бидејќи самото тоа, да донесеш одлука да не спроведуваш нешто што треба да спроведеш, е апсурд, се обидов да разберам што всушност значи. Над детската болница за белодробни заболувања во скопско Козле, на падините на Водно, во заштитен појас, ќе се гради нова населба. Општината Карпош тоа го овозможува со повикување на Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена од 2015 година. Се сеќавате дека СДСМ тогаш обвинуваше оти градоначалникот Стевчо Јакимовски нетранспарентно и преку ноќ ги менувал плановите што ги гласаа советниците.

Сега, СДСМ е на власт и распоредот на силите во Советот е поинаков. Ама и тогаш и сега, очигледно е дека советниците немаат проблем за носење одлука за неспроведување на оценка што се однесува на животната средина.

Тоа во праксата значи ова: имаме европско законодавство за заштита на животната средина. Значи, работиме по закон. Ама, ако треба носиме одлука да не спроведуваме закон. И тоа е исто така – по закон.

Горан Михајловски, СДК, 05.06.21.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото