Помешајте и печете

05.06.2021 12:08
Помешајте и печете

Тортите и слатките печива се најважниот дел од ритуалите на прославата и храна за душата. Рецептот за правење торта и печива е прилично јасен. Вклучува мешање на топла вода со брашно. Кој би помислил дека обичен уред за греење вода, кој го земаме здраво за готово, може да придонесе за нашето секојдневно задоволство?

Постои дебата дали да се користи топла или ладна вода во тестото за торта. Ова е делот кога се повикуваме на науката: топлата вода ги денатурира протеините во брашното, правејќи го тестото многу нежно и ронливо. Како, на пример, самоса, кора од пита, итн. Кога ќе се додаде ладна вода, тестото е затегнато и растегливо. Јапонците користат ладна вода кога прават чизкејк. Тоа го успорува времето на печење и чизкејкот нема толку густа текстура како чизкејкот во американски стил. Значи, тоа е културолошка работа.

Исто така, во прашање е и здравјето. Кога ќе го вклучиме бојлерот за топла вода, го подобруваме нашето здравје со тоа што топлата вода како состојка го намалува глутенот во тестото. Топлата вода помага и во расцутувањето на вкусовите.

Како љубител на храна, знам и самиот да си правам тесто, без разлика дали леб, пица, торта или слатки печива. Секако, додавањето топла вода го прави мешањето на тестото многу помалку пријатно, но имајќи ја пред себе претставата за изготвената вкусна торта спакувана со мноштво вкусови ете, тоа е она што вреди.

Печењето и вкусот на мојата омилена торта со печива и пудинг од лимон, зависи од конзистентноста и текстурата. Она што ја прави текстурата толку мазна, е топлата вода додадена на тестото. Основниот принцип зад процесот на печење е ова: температурата на топлата вода, а со тоа и на тестото, е многу поблиску до температурата на загреана рерна, што значи дека долниот дел во дното на тавата, и горниот дел од печивото се изложени на слична температура и на тој начин се готви рамномерно. Значи, љубители на торти и печива - внесете топла вода во вашето тесто, а вие домаќинки, не размислувајте многу за вашите раце. Размислете повеќе за љубовта и температурата на водата што ја истурате кога ги правите тортите и печивата.

Знам дека некои љубители на слатки и печива во некој хипотетичен спор ќе тврдат дека загревањето вода чини пари, особено кога сте во бизнисот со торти и печива. Со право тогаш можете да ја користите сончевата енергија за да ја направите водата топла. Ако живеете на место каде што има сонце, оставете пластични шишиња со вода надвор директно под сонце, на греење, за гурманите да уживаат во слатки и печива направени со радост и љубов кон животворното сонце.

Слики: Wayne Thiebaud

 

 

Слични содржини

Книжевност
Јавни простори / Книжевност
Книжевност
Книжевност / Култура
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото