Варварите (втора рунда)

05.06.2021 15:42

Не попусто ги чекавме варварите,
не попусто се збравме на градскиот плоштад.
Не попусто нашите првенци облекоа свечени рува
и вежбаа говори за тој повод.
Не попусто си ги срушивме храмовите
и кренавме нови за нивните богови;
како што доликува, ги запаливме книгите
во кои нема ништо за луѓето како нив.
Согласно пророштвото, варварите дојдоа
и ги зедоа градските клучеви од раката на кралот.
Но кога стасаа носеа алишта како нашите,
а обичаите им беа како тие во нашата земја;
и кога почнаа да ни заповедаат на наш јазик
веќе не знаевме кога тоа
дојдоа варварите.


Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото