Работна маса

07.06.2021 10:41

Го поправам тоа што се може. Да, ќе боли.
Не гледај, не ги допирај конците;
продолжи да одиш
меѓу стиховите.

Не сум во вистинскиот свет. Не.
Секакви очи – на луѓе, ѕидови,
па и кога се затворени,
туѓи се, зјапнати
во моето туѓо лице осветлено
со сулфурна светлина што не може да лечи.
Столната лампа лае
по страниците што тонат во масата,
еден образ ми се грчи, ферментира под окото,
пепелникот е преполн со коски и пепел.

Овој предавнички двиг на перото
                    што гребе по градот
              искосено
         како рак
па продолжува весело
да реже по светот
сѐ до маргините на страницата
                     и потаму –
не е мој. Треба да умре. Не требало никогаш ни да се роди.

Го поправам тоа што се може. Да, ќе боли.
Не гледај, не ги допирај конците;
продолжи да одиш
меѓу стиховите. Таму
ќе ја најдеш вистинската песна.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото