„Ново изгрејсонце“ - мултимедијален проект

08.06.21 10:18

„Ново изгрејсонце/Алатки за допир во иднината“ е мултимедијален проект, куриран од берлинскиот фотограф и креативен директор Тобијас Фајст (Tobias Faisst), кој вклучува 57 автори од целиот свет.

Проектот го истражува визуелниот и креативниот потенцијал на иднината. Во дигиталниот простор се спојуваат уметноста, графичкиот дизајн, анимацијата CGI, танцот и дизајнот на звук за да овозможат нови визуелни искуства поврзани со предметите, овојпат фокусирани на раквицата, како продолжение на раката.

„Годината е 2070-та и човештвото постигна нови хоризонти во естетиката, науката и технологијата. Вештачката интелигенција му дава на човештвото можност да дизајнира уникатни екосистеми, создавајќи органска и синтетичка иднина каде што уметноста и технологијата повеќе не ги следат традиционалните канони. Новите алатки овозможуваат нови креации: Тие се во рацете на новото човештво“, се вели во објаснувњето на овој футуристички проект.

Извор: ignant.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото