Денеска почнува фестивалот Прво па женско # 9

10.06.2021 13:20
Денеска почнува фестивалот Прво па женско # 9

Годинава Прво па женско #9 отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално.

Вечерва во МКЦ започнува деветтото издание на фестивалот за феминистичка култура и акација Прво па женско. Фокусот на фестивалот е оградување и обезбедување на простор и платформа за сите оние кои активно се занимаваат со преиспитување и напуштање на доминантната и обременувачка патријархална култура. Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.

Годинава Прво па женско #9 отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.

Овогодинешната програма на Прво па женско #9 ја проблематизира и ѝ доделува централност на идејата за пристапност до она што се смета за јавно и за она што се гледа како приватно; го анализира јавниот дискурс во однос на она што се перцепира како јавно и расположливо средство за користење; ги разгледува јавните простори како оски за потенцијални алтернативни здружувања. Во прашање се доведува и безбедноста на сите жени и небинарни родови малцинства, еднакво под закана во и вон системите кои би требало да би требало да пружат заштита и грижа.

Програмата ќе се обиде да отвори и дискусии и погледи кон нови алтернативни начини на заедничарење и колективни пракси кои свесно ќе оставаат простор за пробивање на потребите на заедницата, а ќе ги истиснуваат и ќе се борат против исклучувачките и насилничките политики на привилегираните.

Програма:

 

10.06.2021 – четврток

 

19:00 МКЦ, плато
ПичПрич слем: Гинеколошки приказни
ПичПрич, иницијативата за промовирање на женската усна историја, и оваа година го одржува својот традиционален слем во рамките на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО. Темата на која ќе раскажуваме е Гинеколошки приказни,
што значи дека ќе ги детабуизираме митовите за женското здравје, зборувајќи отворено за искуствата низ кои жените поминуваат низ јавните и приватни здравствени институции, како и последиците од тие искуства.
Настанот ќе гомодерираат Румена Бужаровска и Ана Василева.

21:00 МКЦ, плато
Промоција на албум + разговор: Weird Fishes – Мартина Бараковска
Мартина Баракоска е музичарка и тапанарка, родена во Скопје 1998 год. Низ својата кариера Мартина има добиено повеќе награди меѓу кои: Гранд При за најдобар тапанар на фестивалот Т’к Tак (Кавадарци, 2015), 1st special place на International Competition Percussion – Art In Skopje (Скопје, 2017), Златна Бубамара на популарноста како дел од групата Дупер (Скопје, 2018). Нејзиниот соло проект насловен Мартина Баракоска е името под кое го објавии нејзиниот прв соло-албум Weird Fishes. Мартина Бараковска ќе разговара за нејзиниот албум со Skopje Drum Talks. Skopje Drum Talks претставува иницијатива за музичка едукација и поддршка на правата на музичарите (со акцент на тапанарите) во Република Македонија.

22:00 МКЦ, Плато
Концерт: YÖU
Групата YÖU е формирана во октомври 2015 год, под влијание на хардкор сцената и социјалното движење во 80те во Вашингтон (наречено лето на револуција), DIY етикатa, бранот на француското емо во 2000те и сивилото на Скопје. Музика изразена со емотивно меки вокали, возечки гитари и гласни тапани. YÖU моментално работат на нивниот втор албум кој се очекува да биде издаден во 2021.

 

11.06.2021 – петок

 

19:00 МКЦ, галерија
Отворање на изложба: Овцата, змијата, кучката и нивната свиња – Албена Баева
Албена Баева е визуелна уметница, кураторка и продуцентка која фокусот на своето творештво го пронаоѓа на раскрсницата помеѓу уметноста, технологијата и општествените науки. За нејзините интерактивни инсталации наменети за урбани средини, таа користи машинско учење (ML) и вештачка интелигенција (AI), физичко сметање, креативно програмирање и направи-сам техники.
Изложбата на Албена Баева ги критикува онлајн дискусиите. Учесниците во овие дискусии, ограничени во своите светови од слични гледишта и аргументи, го гледаат остатокот од светот поинаку, преку изобличени рефлексии на ѕидовите на световите во кои живеат безбедно, далеку од спротиставените мислења. Скулптурите на Баева ги олицетворуваат овие зборови во форми на хибридни суштества, хтонски божици и ѕверови од почетоците на нашето постоење, со цел да не потсетат дека треба да се соочиме со современите проблеми.

19:30 МКЦ, денсинг сала
Театарски перформанс: Кожурец – Артопиа
Режија: Билјана Радиноска, текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска. Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска и Наташа Петровиќ.
Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец се одигрува во просторот на комплексните односи на премолчувањето и прозборувањето.

Од основањето во 2016 година, Артопиа – трупа од Скопје која работи во полето на општествено ангажираниот театар и перформанс, се конфронтира со локалната независна театарска сцена со своите продукции, главно базирани на истражувачки процеси и секогаш во динамика со локалниот политички контекст – Да ми го поздравиш и да ми го бациш, Експеримент, Ужегнатост, Кожурец и меѓународните копродукции The Shee(i)t (Д Шиит) и Поетика на срамот.

21.00 МКЦ, плато
Концерт: Димитра
Димитра е соло артистка која како композиторка, текстописателка и изведувачка досега има четири изданија за Шарла: Живот Во Живо (2018), Come To The Danger Club (2018), Празни Муабети (2019) и Мак Мрак (2020).

21.30 МКЦ, плато
Филмска проекција: Заедно (Сложни жени диско градат) – Феминистичка платформа Медуза & Центар за визуелна антропологија – Белград
Јазик: Македонски. Продукција: Феминистичката платформа Медуза – Скопје и Центар за визуелна антропологија – Белград. Авторка: Калиа Димитрова. Ко-автори: Реља Пекиќ Цариќ, Миклош Барна Липковски, Никола Радека

Заедно е истражувачки, пријателски, документарен филм кој е плод на соработка меѓу Феминистичката платформа Медуза од Скопје и Центарот за визуелна антропологија од Белград, кој тргнува од претпоставката дека делувањето на жени и квир лица во доминатно машки простори, каков што е и доменот во нашиот фокус, (може да) ги промени постоечките услови и релации и да создаде нови.

22.00 МКЦ, плато
Диџеј сет: NastasyaКish
Интригирана од необичните звуци во електронската музика, NastasyaKish пронаоѓа интересни начини за нивнo комбинирање и ги споделува со публиката. Нејзините сетови се доста еклектични и може да се најдете помеѓу различни жанрови, почнувајќи од slow burners до acid.

 

 

12.06.2021 – сабота

 

13:00 МКЦ, плато
Разговор: Албена Баева & Станимир Панајотов
Влијанието на омразата и мизогинијата во дигиталниот свет не е далечна илузија од реалниот живот. Дигиталниот свет е еднакво вистински колку и реалниот. Делата на Албена Баева се доказ дека онлајн културата и комуникацијата материјализираат вистински последици во нашите секојдневни животи. Работејќи помеѓу феминизамот, анализата на податоци, гамификацијата и општествената теорија, нејзината изложба е храбра феминистичка изјава, инспирирана од онлајн троловите и инселовите (incel) зандани на бугарското општество.

14:00 МКЦ
Работилница за деца: Платнени торби наместо пластични ќесички – Доротеј Нешковски
Детската ликовна работилница за илустрирање на торбички ќе нè поттикне да размислуваме за јавните простори, слободата, емоциите, социјалните проблеми, екологијата и општествените навики. Целите на детскатата ликовна работилницата се да дизајнираме креативни решенија кои ќе ни помогнат во борбата со климатските промени и загадувањето на воздухот и да ги вратиме социјалните навики на децата во јавниот простор преку дружење и создавање нови пријателства.
20:00 Музеј на современа уметност – Скопје
Филмска програма: Ова не е сон за заеднички јазик, туку за моќна и неверна хетероглосија
Камерадин, Доплгенгер, Србија/2018/7′
Причина на смрт, Џиоти Мистри, Јужна Африка, Австрија/ 2020 / 20′
Растение (879 страници, 33 денови), Рут Хофлих, Австралија/ 2020 / 15′
Филмски перформанс: Земја Женска, Кортни Стивенс, САД / 2017–21 / 62′
Кураторка на филмската програма: Кумјана Новакова

„Ова не е фиксна фестивалска филмска програма, туку критички феминистички филмски гест. Критичкиот феминизам е интерсекционална политичка филозофија посветена на рушењето на хетеронормативниот, расистичкиот, капиталистичкиот патријархат. Од почетната точка – преку насловот на програмата – со Дона Харавеј, ја следиме екофеминистичка политичка позиција, во овој гест којшто се фокусира на различното толкување на заедничкото и на она што го делиме низ историјата, во архивските слики и феминистичките истографии.”
Кумјана Новакова

22:00 Музеј на современа уметност – Скопје
Диџеј сет: Мариго
Мариго е студентка по графички дизајн, чиј омилен медиум (на изразување) се колажите кои неодамна има почнато да ги објавува и продава како принтови. Во слободно време води емисија на Канал 103, насловена Млада на Република Македонија.

 

 

14.06.2021 – понеделник

 

19:00 ФДУ Летна сцена
Дискурзивна програма: Бескраен попис на екофеминистичка мисла и практика
Програмата е курирана од Кумјана Новакова & ко-курирана од Јана Старделова
Inventory Gestures
• Вовед во Бескраен попис на екофеминистичка мисла и практика
Кумјана Новакова

• Нула отпад, поедноставено живеење и еколошки практики за секојдневниот живот во градовите
Андријана Папиќ Манчева

• Феминистичкото заедништво, феминистичката политичка екологија и феминистичкото градинарство
Адриана Кена

 

21:30 ФДУ Летна сцена
Разговор: Против логиката на немаштија – обратен протест, протестирање и операции на милитантно изобилство – Валериа Грациано & Џулиа Паладини
Валериа Грациано е теоретичарка на култура и практичарка, која моментално работи како истражувачка во Центарот за постдигитални култури на Универзитетот во Ковентри, Велика Британија. Нејзната истражувачка работа се фокусира на техниките, технологиите и средствата кои
поттикнуват одбивање да се работи, на креативната редистрибуција на општествената репродукција и на политизацијата на задоволството.
Џулиа Паладини е истражувачка и критичка теоретичарка која моментално работи како виша предавачка по драма, театар и перформанс на Универзитет во Роемптон. Во фокусот на нејзината истражувачка дејност се еротското на уметничката продукција и нејзините политики, општествената и културолошката историја од марксистичка и феминистичка перспектива.
Разговрот е дел од програмата на платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, која произлегува од определбата на ПРВО ПА ЖЕНСКО за развивање феминистичка уметничка продукција практикувана низ солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка.

 

16.06.2021 – среда

13:00 кафе книжарница Буква
Промоција на книга: Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата – WoW Places
Изработката на оваа публикација е иницирана во 2020 година во рамки на партнерскиот проект „Жени за жени” (Women on women – WoW Project), спроведен со сестринските организации од Љубљана (Mesto Žensk) и Загреб (VoxFeminae). Книгата претставува своевиден водич по географијата на Северна Македонија, но и низ темпоралните врвици на жените кои учествувале во нејзините главни историски текови.

 

14:00 кафе книжарница Буква
Панел дискусија: Издание на изоставените
Феминистичкиот фестивал ПРВО ПА ЖЕНСКО во соработка со Феминистичкиот клуб на читателки, како дел од младинската програма организира панел дискусија за феминистичка литература, перспективата на жената како писателка и читање на текст преку призмата на родот. Новата генерација читател(к)и има јасна потребата за едно критичко читање на тековната феминистичка книжевност, дебати и дискусии кои се изместуваат од класичното академско читање на делата, па затоа оваа дебата се појавува со цел да ја прошири дискусијата за новите феминистички читања.

Како дел од проширената младинската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #9 се одржаа и една мини-школа за феминистички критички текстови и соработка со Медуза платформата и една соработка за феминистичка филмска критика со колективот на Гледај.мк: 01. – 13.06 Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување, во соработка со феминистичката платформа Медуза.
Тиииит! Инк. и феминистичката платформа Медуза годинава организираат мини-школа за критичко пишување која ќе се одржува од 1 до 13 јуни, како дел од младинската програма на фестивалот Прво па женско#9. Сметаме дека личната перспектива е суштината на секој важен и квалитетен критички текст и мора да стои рамо до рамо со издржаноста на аргументите во него.
Целта на оваа мини-школа е да се обучат учесничките за пишување на издржани критички текстови, со силна лична перспектива, која би открила нови и не-толку-јавно-застапени гледишта за искуствата на девојки и жени, како и на сексуалните и родовите малцинства.

Феминистичка филмска критика – во соработка со колективот за филмска и театарска критика Гледај.мк
Гледачката публика денес е информирана, со познавање за контекстуалноста или рефенрентните точки на секое филмско дело и уште поважно – има многу што да каже. Во контекст на ова, соработката помеѓу Гледај.мк и Тиииит! Инк. дојде како логично продолжение. Годинава, како дел од младинската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #9, колективот на Гледај.мк ќе менторира и ќе работи заедно со млади рецензент(к)и, кои ќе имаат можност да продуцираат текстови следејќи ја овогодинешната филмска програма на фестивалот.

 

***

За да се чувствуваме безбедно и да го сочуваме јавното здравје, и на Прво па женско #9 ќе се следат сите актуелни мерки за здравствена заштита, а Тиииит!Инк. ќе се погрижи сите присутни да се придржуваат до протоколите.
Фестивалот е поддржан од: Програма Креативна Европа на Европска комисија, Фрида – фонд за млади феминистки (FRIDA | The Young Feminist Fund), Министерство за култура, фондацијата Квина тил квина (Kvinna till Kvinna Foundation), Град Скопје.

Соработници на Прво па женско, меѓу кои дел и долгогодишни се: Младински Културен Центар, Iskra Tourbooking, MOT theatre festival , Хера млади, Медуза – феминистичка платформа, Пич Прич, Артопиа, Skopje Drum Talks, Mesto žensk, VoxFemina, Outlandish Theater Platform, ФДУ, Музеј на современа уметност Скопје, Буква, Pravo Ljudski Film Festival.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото