Винтиџ сликовници - „Градот на играчките“

10.06.21 13:10

Сликовницата „Катја во градот на играчките“ од рускиот илустратор Лев Токмаков датира од 1973 година.

Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, Лев Токмаков бил еден од најпопуларните и најбараните илустратори на книги за деца во Русија. Со широк спектар на таленти и со стил на цртеж во кои доминирале робусни фигури што наликувале на насликаните украси на керамика.

Лев Алексеевич Токмаков (1928, Свердловск - 2010, Москва) е познат и по неговите илустрации за книгата „Пипи Долгиот чорап“, но и многу руски бајки. Освен сликовници, најмногу објавувал во списанието „Мурзилка“.

Извор: 50watts.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото