Милиони луѓе во Кина онлајн следат залутано стадо на слонови

10.06.2021 14:23
Милиони луѓе во Кина онлајн следат залутано стадо на слонови


  Десетици дронови следат едно залутано стадо на слонови 24 часа, секој ден. Каде и да одат, стадото е придружувано од полицијата. А кога стадото слонови јадат и спијат, нив преку стриминг во живо ги гледаат милиони луѓе онлајн.

Повеќе од една недела, Кина е обземена од нова интернет сензација – стадо од 15 слона кои се големи, изгубени и ненамерно рушат сè пред себе движејќи се во југозападниот дел од Кина.

Милиони лица се приклучуваат на стримингот во живо и го гледаат стадото кое поминало над 500 километри низ земјата, откако минатата година избегале од природен резерват во јужниот дел на Кина.

На интернет, луѓето ги набљудуваат слоновите кои се заплеткуваат во околината, причинувајќи штета од милиони долари и терајќи ги локалците да останат во своите домови.

Не е изненадување дека онлајн стримингот допринесе и да се родат нови ѕвезди. Гледачите се воодушевени од три мали слончиња, од кое едно е родено токму за време на патувачката авантура.


Над осум милиони луѓе го гледале видеото на кое е прикажано како мало слонче се заглавува под еден од возрасните слонови за време на групната дремка близу градот Кунминг. Друго видео прикажува како малите слончиња несмасно се потсопнуваат следејќи го стадото, или пак потонуваат во водата наглавачки додека пробуваат да се напијат вода од базен.

„Дали им е ладно додека спијат“, е едно прашање на загрижен гледач на сајтот „Вибо“, откако фотографии од стадото додека спие станале екстремно споделувани. „Сакам да ги покријам со ќебенце“, гласел коментар на друг гледач.

Според кинескиот медиум „Глобал тајмс“, интернет инфлуенсери се обидувале да добијат „лајк“ плус, па снимале содржина на местата од каде што слоновите поминале, сликајќи се како го јадат оставениот ананас кој служел како мамка од градските власти за да ги задржат слоновите надвор од населените места.

Сè уште не е јасно зошто слоновите се движат на север. Некои сметаат дека намалувањето на површините на тропските шуми е дел од причината. Други пак, сметаат дека слоновите се едноставно – изгубени. Токму оваа причина највеќе ги загрижува нивните верни онлајн фанови.

„Навистина ни е жал бидејќи не знаеме кога слоновите ќе дојдат на целта“, напишал еден од нивните фанови на „Вибо“.


Оштетена околина
 

Но постои и посериозна проблематика зад интернет забавата. Биолозите го гледаат овој случај како предупредување на она што може да се случи доколку и понатаму се уништуваат живеалиштата на слоновите. Тие се заштитен вид во Кина, а околу 300 слона живеат во реонот Јунан.

Во последните неколку децении, земјоделството довело до уништување на живеалиштата на слоновите, оставајќи ги стадата поделени и изолирани на сè помала површина. Многу од слоновите се принудени да бараат храна во населени средини со што се зголемува конфликот помеѓу слоновите и луѓето. Во последните 10 години градските власти се трудат да најдат решение за борбата меѓу единките.

Тие се обидуваат да ги држат слоновите надвор од населените реони, за да избегнат судири. Кон крајот на мај, властите поставиле 24 часовен центар кои ги набљудува слоновите.

Единствениот начин да се спречи идно слоновско истерување е да се реставрираат нивните живеалишта и да се заштитат природните ресурси, изјавил Жанг Ли, биолог и професор на Универзитетот во Пекинг.

„Полека се намалуваат зоните кои ги делеа луѓето и слоновите, па се зголемуваат шансите слоновите се почесто да се сретнуваат со луѓето“, изјавил Жанг.


Извор: CNN

ОкоБоли главаВицФото