Илустрацијата за деца има исто толку голема важност колку и сликарството, вајарството, графиката, музиката, театарот

11.06.2021 09:29

Фестивалот е на сите и треба сите да придонесат „Литера“ да расте и да се развива. Веќе сме изморени од крпење и молење. Ова на еден Министер за култура треба да му е приоритет. Ја почитувам политиката за зачувување на нашето национално богатство, но и илустрацијата е национално богатство. Во прашање е уништувањето на богатството што зад себе го оставиле големите творци, класиците на македонската илустрација. Таа е толку многу значајна материја, а никој досега не се заинтересирал да ја сочува за идните генерации. Илустрацијата за деца има исто толку голема важност колку и сликарството, вајарството, графиката, музиката, театарот... Ќе се повторам, таа е клучот и почеток на градење на визуелната култура, таа е основа за градење и создавање квалитетна литература за деца.

Софија Семенпеева, Слободна Европа, 02.06.21.