Зимата во доба на глобално затоплување

14.06.2021 00:18
Зимата во доба на глобално затоплување

Жерар ван дер Шрир со своите колеги од холандскиот Кралски метеоролошки институт во Де Билт, ги анализирал податоците за снежната покриеност и климатските прилики од базите со податоци на неколку илјади метеоролошки станици ширум Европа.

Жерар и колегите утврдиле дека - ако се изземат неколку екстремно студени точки кои најчесто им се недостапни на луѓето, како Исланд, Гренланд и скандинавските земји - од 1951 година се појавува тренд на сè „потенка“ снежна покривка која на секои десет години се намалува приближно за 12 проценти. Од друга страна, според нивната анализа, ова не важи за пределите каде снегот е екстремно длабок. Во овие краишта, наведуваат истражувачите во својот труд објавен во списанието Advancing earth and space science, топењето е малку побавен процес.

Намалувањето на дебелината на снежната покривка ширум Европа е изразено после 1980 година и е последица на комбинација од зголемувањето на температурата и влијанието што климатските промени го имаат врз врнежите. Ваквиот тренд, наведуваат истражувачите, исто така влијае и на намалувањето на количината достапна слатка вода во периодот на пролетното топење на снегот.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: http://elementarium.cpn.rs/

ОкоБоли главаВицФото