Сандали

14.06.2021 18:07

Сандалите се костур на целиот чевел,
костур, и негов вистински дух.
Сандалите се узди на моиве стапала во галоп
ремчиња од т’флин
на уморниве стапала, молитвени.

Сандалите се парче имот мој по кој газам
кај и да одам, гласници ми се на татковината
на мојата вистинска земја, на небото
за ројот дребни суштества по земјата
нивни неизбежен суден ден.

Сандалите се младоста на чевелот
спомен за одот низ дивината.
Не знам кога ќе ме згинат
или кога ќе ги згинам, ама ќе бидат
згинати, секоја засебно другаде:
Едната недалеку од мојот дом
меѓу камење и шибје, другата
ќе втоне во дината близу Великото Море
божем сонце на залез,
спроти сонцето што заоѓа.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото