
Вечерва (вторник, 15 јуни) со почеток од 19 часот, на зелениот кров на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, ќе се одржи концертот насловен „Сигнали“ на пијанистката Дуња Иванова.
Како што информираат организаторите, на програмата се премиерни изведби на делата на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на бендот „Рејдиохед“ од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен.
Инаку, концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година, а настанот се реализира со поддршка на ГТЦ Скопје и во согласност со препораките за заштита од Ковид 19.