Љубовта и животот во сликите на Каси Намода

18.06.21 11:03

Како излезени од сон, портретите на Каси Намода (Cassi Namoda) ги истражуваат сложеноста и интимноста на секојдневниот живот под сеништето на постколонијализмот: Нејзините ликови плачат, се прегрнуваат, влегуваат во длабоки води и тргнуваат по неизвесни патеки.

Каси Намода е родена во Мапуто, Мозамбик во 1988 година, израснала помеѓу Мозамбик, Хаити и САД. Оваа културна флуидност е очигледна во нејзините дела, кои го отсликуваат секојдневниот живот и љубовта во постколонијален Мозамбик, видени низ очите на секојдневните мажи и жени. „Моите дела не се среќни, но не се ниту тажни“, кажува Намода. „Мислам дека делата се слоевити; не станува збор само за една работа.  Земам делови од сè, а исто така размислувам за романсата, боите и сцените во кои се поставени фигурите; понекогаш има и магија, ритуал и трибализам“.

Таа живее во Лос Анџелес и иако  нема формално уметничко образование, е талентирана раскажувачка. Всушност, таа смета дека многу од нејзините слики раскажуваат приказни преку нивната содржина и наслови. Намода, исто така, споделува голем дел од својот живот на личните и професионалните профили на Инстаграм, бидејќи социјалните медиуми ги гледа како начин да ја раскаже приказната за својот живот, и место за саморефлексија, претставувајќи ја културата и времето во кое живее.

Извор: artsy.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото