Секојдневно би да се изгубам

22.06.2021 13:19

на Никола Маџиров

месечината шета со залутано дете
веќе одамна
се спрепнува
воопшто веќе нема сила
студено ѝ е
детето се врти
се присетува дека на телевизорот зборуваа
најдобар начин да го згрееш промрзнатиот
е да легнеш со него гол
потребен е контакт на кожата против хипотермија

детето се соблекува
се присетува дека телевизорот зборуваше уште
и дека треба да се чуваме од непознати
но сепак се соблекува

ја прегрнува месечината

па нека секој одделно одлучи
дали ќе се смрзне или не


Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото