Илустрациите на Доменико Гноли

22.06.21 12:26

Доменико Гноли (Domenico Gnoli, 1933 - 1970) е италијански сликар и сценограф. Неговиот интерес за уметноста го охрабриле неговиот татко, историчарот на уметност Умберто Гноли и неговата мајка, сликарката и керамичарка Ани де Гарон, но неговата единствена обука се состоела од часови по цртање и графика кај италијанскиот сликар и графичар Карло Алберто Петручи.

По неговата прва изложба за еден човек во 1950 година, кратко време студирал сценски дизајн во 1952 година на римската Академија на убави уметности и бил прилично успешен дизајнирајќи продукција на драми од  Шекспир, во театарот „Олд Вик“ во Лондон.

Во 1955 година се сели во Њујорк каде што започнал да работи како илустратор за списанија како што е „Sports Illustrated“. Во овој период се инспирирал од постарата уметност, особено од старите мајстори на графиката  како што се Jacques Callot и William Hogarth, од кои гo презел својот стил на композиции оживеани од голем број фигури стилизирани до ниво на карикатура. Во други дела, пак, тој ги потенцирал дезените на текстилот или тапетите, смело воведувајќи ја умешноста на раката и фантазијата, претворајќи ги во стил кој воопшто не бил во чекор со преовладувачките трендови во 1950-тите години.

Извор: escapeintolife.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото