Главолом шампиони 2010

27.12.2010 13:30
Главолом шампиони 2010

Ги избираме главолом шампионите за 2010 година! Почитувани читатели, за да ги избереме најмаркантните главоломци потребна ни е и вашата гласачка помош.

Направивме скратен список, од нашата рубрика „Боли глава“, на 25 највпечатливи „главоломи“ во 2010. Вие можете да гласате за најмногу ПЕТ (5) изјави од посочените 25. Шампионите ќе ги прогласиме во почетокот на новата 2011 година.

Можете да гласате на е-адресата redakcija_okno@yahoo.com

1

Каде сега

А ти, Латас, каде пушиш сега?!

Јанко Илковски го прашува Драган Павловиќ, „Наша ТВ“, 19.01.10.

2

Длабока вкоренетост

Во традицијата на македонската архитектура лежи длабоко вкоренет барокот. Плоштадот во барокен израз пред најголемата католичка катедрала „св.Петар“ во Рим е копија на плоштадот во Џараш изграден од македонски архитекти при походот на Александар Трети Македонски.

Вангел Божиновски, на дебата, 07.02.10.

3

Мојот филм

Да поканиме и врвни артисти. Мене секогаш ми била животна желба да игра главна улога во филмот Мерил Стрип. Но да ја поканиш Мерил Стрип во некаков трошен амбиент, во некоја трошна приказна, е страшно рискантно.

Аљоша Симјановски, режисер, го сфаќа владиниот проект „Скопје 2014“ како сценографија за сопствен филм; 09.02.10.

4

Факти

Не е фер од страна на пратеничката да изнесува неаргументирани факти.

Трајко Велјановски, претседател на Собрание на РМ

5

Многу вода

Значи се работи за подземни води, бидејќи водата има добиено многу вода, значи имаше обилни врнежи па водата не може повеќе да апсорбира и тоа се пред сè подземни води.

Миле Јанакиевски, министер, при посета на поплавената Пласница, 25.02.10., А1 ТВ

6

Доста збориш!

Доста збориш, оди раѓај.

Анита Стефановска, пратеничка на ДПМНЕ, и’ се обраќа на Радмила Шеќеринска, пратеничка на СДСМ, во собранието на РМ;
„Вест“, 14.04.10.

7

Кој ќе се срами?

Мислам дека еден ден ќе се срамите од сопствените прилози, кога нема да ја вршите оваа мисија што сега ја вршите.

Зоран Ставрески, потпретседател на владата, ги критикува новинарите поради забелешките за големата акумулација на функции на членовите на неговиот потесен кабинет; „Алфа ТВ“, 19.05.10.

8

Повеќе

Политиката е многу повеќе од политика.

Ѓорге Иванов, претседател; „Шпиц“, 08.05.10.

9

Неопсихологија

Спомениците ќе придонесат за психичката стабилност на населението.

Вангел Божиновски, архитект, во дебата на А1 („Шпиц“, 08.05.10.)

10

Свој

Да знаат: не ми смета, за надвор од овде, да имаме друго име. Но, во мојата куќа, да бидам свој. Македонец во Mакедонија, кој зборува македонски.

Драган Павловиќ Латас; „Вечер“, 07.06.10.

11

И во некриза криза

Критикуваат како народот да заборавил дека кога СДСМ бил на власт и во некриза било криза.

Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, на митинг, 15.06.10.

12

5 сантиметри повеќе

Можете да кажете дека имам 10 килограми повеќе од што треба, но и 5 сантиметри повеќе од што треба.

Александар Николоски, пратеник, на собраниска седница, 10.07.10.

13

Оперативно безначаен податок

Долгот што државата го има кон стопанството е само оперативен безначаен податок.

Зоран Ставрески, министер за финансии; А1 ТВ, 08.07.10.

14

Б.Ц. и марихуаната

Како може да биде намерно кога марихуаната растела таму со месеци, таа била израсната уште Бранко Црвенковски кога го посетил, си растела. Ние не сме можеле да предвидиме дека Бранко ќе отиде во дворот каде што расте марихуана. Тоа бил негов избор, не бил наш избор.

Никола Груевски, премиер, коментира уште едно апсење неповрзано со Б.Ц.; А1 ТВ, 16.07.10.

15

Светото Тројство

Нејзиното Височество - Архитектурата, е дел од Светото Тројство во туризмот, покрај храната и музиката. Зашто, тие три елементи го создаваат специфичниот амбиент во една средина, без кој нема туристичка приказна, ни туризам.

Лилјана Поповска, претседател на ДОМ; „Дневник“, 30.07.10.

16

Приоритети

Поважно да има компјутери во училиштата, отколку да има саглам клозети во училиштата, оти просперитетот не зависи директно од училишните клозети.

Никола Тодоров, министер за образование; Нова Македонија, 17.08.10.

17

Национален глодач

Груевски не е само лидер на ВМРО, туку национален водач на Македонците од рангот на Патрис Лумумба кај Конгоанците, Салвадор Аљенде кај Чилеанците, У Тант кај Мијанмарците, Че Гевара за латиноамериканските автохтони Индиоси - сите ликвидирани од специјалци, најмени од инспираторите на новоколонијалниот милитаризам.

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 27.08.10.

18

Трета светска војна

Не е време за откривање на гробот на Александар Македонски, кој според експертите е на наше тло, бидејќи светот во моментов не е подготвен за оваа вистина, која би предизвикала Трета светска војна.

Паско Кузман во документарецот „Име си е име“ кој имаше македонска премиера на 29.09.10.

19

Врата

Не го пломбиравме шанкот во Струга, затоа што нема врата.

Фатмир Бесими, министер за економија, ја отфрла одговорноста за смртта на тројца луѓе во Струга; „Сега“ (Шпиц), 26.09.10.

20

Влада што почитува

Владата со ништо не придонела за каков било негативен извештај поврзан со медиумите. Секој граѓанин што следи медиуми може добро да види дали Владата ги контролира медиумите или можеби тоа го прави некој друг. Ова е Влада што ги почитува медиумите и никому ништо не е сторено. Секогаш кога сме во можност да помогнеме што било за развој на демократијата на медиумите тоа и го правиме. Владата е исклучиво заинтересирана за независност и непристрасност на медиумите и ќе продолжиме да вложуваме напори во тој правец.

Никола Груевски, од Собранието на РМ; Утрински весник, 26.10.10.

21

Износена облека

Треба почесто да се организираат вакви хуманитарни акции, бидејќи мислам дека граѓаните многу сакаат да купуваат износена облека.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје; „Фокус“, 26.11.10.

22

Александар е позната личност

Зошто тогаш го правите споменикот?
- А зошто да не?
А зошто да, ако нешто правите, претпоставувам дека имате идеи зошто го правите тоа?
- Па, Александар Велики е позната личност во светската цивилизација и оценивме дека треба да се направи.

Никола Груевски одговара на прашањата на новинарка на Б92 ТВ; 06.12.10.

23

Кока-кола

Да се кладиме дека доколку сега излеземе на улица мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој. Јас сум бре за тебе бренд, јас сум за тебе Кока-Кола.

Амди Бајрам во собрание му се обраќа на колегата пратеник Јани Макрадули; 14.12.10.

24

Крал

Го помагам ВМРО, го помагам СДСМ, е на што да се надевам - крал да бидам?

Велија Рамковски, во интервју за „Шпиц“, 17.12.10.

25

Апсиме по дома

Наместо да биде уапсен ко човек дома, Велија се обиде да отиде во А1 ТВ.

Драган Павловиќ Латас, „Сител“, 24.12.10.

(потсетуваме на шампионите за 2009 година)

По грешка, уредникот на Окно,

По грешка, уредникот на Окно, Ѓорѓи, избриша три коментара, меѓу нив и мојот. Првите два обрнуваа внимание на главоломската изјава на Заев, ваљда за „јадењето живи луѓе“. Се согласувам дека таа изјава заслужува да влезе во најтесниот избор на бисерите. Но, ја нема во нашиот избор зашто не ја објавивме во рубриката Боли глава (пропуштивме, веројатно, и многу други главоболни изјави).

Затоа вие, почитувани читатели, можете овде да додавате изјави кои вам ви оставиле впечаток, а ние сме ги пропуштиле.

 

Био је лак на обарачу... Нема

Био је лак на обарачу...

Нема врска, да сме си живи и здрави и да си ја тераме преродбава.

26 Никола Гелевски - гласот

26
Никола Гелевски - гласот на разумот и смиреноста

Оваа лудачка власт составена од полуписмени луѓе...

LOL. Како од вакви бисери

LOL.

Како од вакви бисери да се изберат 5 најдобри? Направете ги на сите да може да се гласа со систем „од 1 до 5“ или бумбари/муви. :D

Добар ви е предлогот, Филтра!

Добар ви е предлогот, Филтра! Ама ај да не менуваме процедури во од. Можеби за некоја следна прилика:)
Фала за идејата!

А1 не е цигла, не е ѕид, не е

А1 не е цигла, не е ѕид, не е зграда. А1 има душа, А1 е во главата на Велија.

Мазес Рамковска, сопруга на сопственикот на ТВ А1

ОкоБоли главаВицФото