„Дали верувате дека демократијата е најдобра можна форма за владеење за вашата земја?“

23.06.2021 09:47

На прашањето „Дали верувате дека демократијата е најдобра можна форма за владеење за вашата земја“ само 51 отсто дале потврден одговор. Од останатите, 41 отсто мислат дека има и други форми за владеење еднакво добри за државата или дека има подобри форми на владеење од демократијата. Во овој корпус за второто мислење се изјасниле 17 проценти. Ова се навистина загрижувачки резултати – пред една година, во анкетата на ИРИ спроведена во февруари 2020, довербата во демократијата била 61 отсто, а наклоноста кон други форми 27 проценти.

Љупчо Поповски, Дојче Веле, 20.06.21.