Театарски проект по повод 130 години од изградбата на пругата Солун - Битола

25.06.2021 11:24
Театарски проект по повод 130 години од изградбата на пругата Солун - Битола

Во сабота, 26 јуни, во продукција на Интимен Театар, ќе се случи проектот „Возот“, кошто е во склоп на македонско – грчки проект, организиран од културната организација „Дрезина“, од град Вериа, а самиот проект се организира по повод 130 години од изградбата на пругата Битола – Солун. Во проектот учествуваат осум грчки градови и тоа, Солун, Александрија, Вериа, Наоуса, Едеса, Скидра, Аминдео, Лерин, како и Битола, од македонска страна, претставувана од Интимен Театар. Во сите овие градови, на нивните железнички станици, на 26ти јуни во 20,30 часот македонско и 21,30 часот по грчко време, ќе се случат мноштво на културни настани, во знак на прослава на железничката линија Битола – Солун.

Овај настан е поддржан од Грчката Национална железница, како и од Македонски железници, затоашто оваа 2021 година е „Европска година на железниците“.

Проектот на Интимен Театар „Возот“, е всушност театарска претстава, во којашто настапуваат сите актери што гравитираат окулу Интимен театар, а ќе има и ученици од Театарската школа „Фабрика за мечти“.

„Мотото на нашата претстава е: „Интимен Театар за железницата“, со една единствена цел, а таа е да се промовира важноста на оваа линија Битола – Солун за целата локална заедница, како и за целата наша држава, а и да се потенцира практичноста и ефикасноста на превозот со воз. Битолскиот дел од проектот ќе се случи на самата железничка станица, во просториите на Ноќниот клуб „Јагода“, додека другите осум градови ќе имаат свои културни програми на нивните железнички станици“, најавуваат организаторите на настанот.

 

ОкоБоли главаВицФото