„Вон ѕидовите“ - второ издание на Скопје Прајд

26.06.2021 18:51
Скопје Прајд 2021

 Попладнево се одржа второто издание на Скопје Прајд, под слоганот „Вон ѕидовите“. Учесниците на Прајдот се собраа во паркот Жена Борец а потоа маршираа до Градскиот парк, каде имаше обраќања од учесниците и музичка програма.

Според Елена Петровска, од „Коалиција Маргини“, која е дел од организацискиот одбор на Скопје Прајд: „Месецот на гордоста не враќа малку во минатото, нè тера да видиме до каде сме стигнале, каков напредок сме оствариле, како ќе продолжиме понатаму. Здравствената криза на суров начин ни ја покажа системската обесправеност на ранливите луѓе од нашата заедница, трансродовите лица ги остави без најосновите здравствени и социјални услуги и во сиромаштија заради тоа што законот за правното признавање на родот не е сè уште донесен, со месеци и овие луѓе немаат еден единствен личен документ со кој можат да се претстават во институциите“

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество’’- истакнува таа.

Фотографии: Небојша Гелевски























 

ОкоБоли главаВицФото