Париз ќе отстрани 140.000 паркинг места за да засади дрвја

28.06.2021 14:49
Париз ќе отстрани 140.000 паркинг места за да засади дрвја

Авенијата „Елисејски полиња“ (Шанз-Елизе) во Париз ќе стане урбана градска градина. Познатата улица што води низ паркот ќе стане потесна бидејќи надворешните ленти ќе се претворат во зелени површини. Ова е само еден од проектите во Париз кој има за цел еколошка трансформација на француската престолнина.

Со овој проект, Париз отстранува 140 илјади места за паркирање и има намера да засади дрвја на нивно место, а покрај тоа, ќе ги консултира жителите на Париз за тоа како би сакале да го користат испразнетиот простор.

Намерата е да се направи градот позелен и попријатен за живеење со користење на нови простори за зеленчукови градини, компостирање, игралишта и за садење нови дрвја.

И делот околу Ајфеловата кула ќе се претвори во исклучителен парк во срцето на Париз.

Пандемијата предизвика многу градови во светот да ги ревидираат своите урбанистички планови. Луѓето сè повеќе се интересираат за зелените површини, парковите, начинот на кој работи јавниот превоз и заедницата воопшто.

Токму Париз предничи во идеите за тоа како треба да изгледаат  градовите по пандемијата.

Извор: weforum.org

ОкоБоли главаВицФото