1023 hPa
100 %
7 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 23:59
Преобразбата е негов делокруг:
в миг, без звук, се претвора во друг!
Сè уште во видокруг
‒ веќе станал подруг!
Што е можеби безобразлук?
Замислете Вмигдруг да ви е сопруг?!
„Струкот би му го ставила под струг,
за да се прекине страшниот протејски круг!“
Хм. Да, Вмигдруг е на Протеј прапраправнук
и затоа е таков, како од каучук.
Ама не е ни монструм, ни ќутук,
ни топук, ни ајдук, ни чурук,
туку е добар другар, и фин ко памук.
Не е ни неук, иако во преобразбите е самоук.
Затоа сега сите сложно О рук!
во полукруг: Добар другар е Вмигдруг!
Хауг!
Протеј - во старогрчката митологија морско божество со способност да се преобразува во различни ликови на животни и чудовишта; имал дарба да претскажува.