ФИНИ ДЕЦА СО СЛИКОВНИЦИ

30.06.2021 18:44
ФИНИ ДЕЦА СО СЛИКОВНИЦИ

На 1 јули во МКЦ во Скопје и во сабота на 3 јули во Градскиот парк во Струмица, книгоиздателството Темплум промовира три нови книги за деца.


ПРОГРАМА на настанот „Фини деца во сликовници“
1 јули (четврток), во МКЦ (во Скопје), од 18.30 до 21.30.
Водителка: Матеа Јанковска

19.00 – 20.00
Разговор: „Споменик од песни“.
Учесници: Исток Улчар (водител), Ване Костуранов и Никола Гелевски.
Во разговорот ќе се зборува за сликовницата „Споменик од песни“ од Видое Подгорец и Ване Костуранов, за стихозбирката „Девет приказни во чудната шума“ од Пандалф Вулкански и за новата Темплум едиција „Старо купувам“.
Песни ќе читаат: Ивана Павлаковиќ, Матеа Јанковска и Пандалф Вулкански.

Пандалф Вулкански
ФИНИ ДЕЦА ВО СЛИКОВНИЦИ

Мирни деца во сликовници често ставаат
на одредени страници. Но, што прават
децата кога ќе се заврти страницата?

Почнуваат турканици и караници?
Цртаат чкртаници и чкрабаници?
Фини и мирни дека се, се преправаат?

Со што смеат ликови да се бават?
Можат ли во книга да заглават?!
Имаат ли страниците граници?

Со сигурност, значи, таму ако те стават
не се знае што ќе ти прават.
Може да те слават, може и да те заборават.
(од збирката „Девет преобразби во чудната шума“)

 

20.00 – 20.30
Детска музичка програма

20.30 - 21.30
- Разговор за сликовницата „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од канадските авторки Изабел Маланфан и Кристин Балдачино.
Учеснички: Фросина Крушкаровска (водителка), Марија Бошковска и Ана Блажева.
- Прикажување на краток анимиран филм според сликовницата Морис.

 

ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА, 18.30 – 21.30

Детски работилници за рециклирање за сите возрасти: цртање, изработка на колажи од рециклирани материјали и слично.
Водители: Доротеј Нешовски и Ненад Тонкин.

Видое Подгорец
КОС

Познавам еден обичен кос ‒
има клун, а нема нос.

Не е ни мечка, ни елен рогат ‒
малку е умен, многу е богат.

Тој си нема ни куќа, ни кревет,
но затоа има земји девет.

Прва земја ‒ Брезова,
а втората ‒ Слезова.
Трета земја ‒ Борова,
четврта ‒ Јаворова,
петта земја ‒ Липова,
шестата Јасикова,
седма земја ‒ Врбова,
осмата ‒ Тополова,
деветтата земја црна
носи име Три гроздови зрна.

Па сепак нашиот пребогат кос
краде туѓо грозје
и лета гол и бос.
(од збирката „Споменик од песни“)

 

На настанот ќе се продаваат нови книги за деца од Темплум, Сказнувалка и Гаврош.

 

ОкоБоли главаВицФото