„Фини деца со сликовници“ - книжевен настан во Струмица

02.07.2021 12:45
Фини деца со сликовници во Струмица

 
  На 3 јули, Градски парк, Струмица, од 19.00 до 21.00 ќе се одржи книжевниот настан Фини деца со сликовници, во организација на издавачката куќа Темплум.

Настанот ќе започне со промоција на книгата „Споменик од песни“ од Видое Подгорец и Ване Костуранов, која е воедно и првата книга од новата едиција на Темплум „Старо купувам“. 

Потоа ќе ја промовираме книгата „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански, со илустрации јапонскиот уметник Такео Такеи. 

Паралелно со промоциите ќе се одвиваат креативни работилници за деца со рециклирани материјали. 

Повелете!


ПРОГРАМА

Водителка: Сузана Мицева

19.00. – 19.30.
За книгата „Споменик од песни“ од Видое Подгорец и Ване Костуранов неколку зборови ќе кажат Никола Гелевски (уредник на Темплум), Никола Маџиров и Ване Костуранов.
Неколку песни ќе прочита Сузана Мицева.

19.30. – 20.00.
Детска музичка програма

20.00 - 21.00.
- Претставување на стихозбирката „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански и разговор за детската книжевност.
Учествуваат: Фросина Крушкаровска (водителка), Никола Гелевски (уредник на Темплум), Никола Маџиров и Ване Костуранов.
Неколку песни ќе прочита П. Вулкански.

ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА, 19.00 – 21.00
Детски работилници за рециклирање за сите возрасти: цртање, изработка на куќички за птици и колажи од рециклирани материјали...
Водители: Доротеј Нешовски и Ненад Тонкин.
Пријава и информации за работилниците: nesovskidoro@gmail.com