110 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски

02.07.2021 12:47
110 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски

Михаил Д. Петрушевски (2.7.1911 - 27.2.1990), класичен филолог, основач на Семинарот за класична филологија (1946), прв декан на Филозофскиот факултет (1946-1949), ректор на Скопскиот универзитет (1956-1958), еден од основоположниците на МАНУ (1967), иницијатор и долгогодишен уредник на меѓународното научно списание за класична филологија Жива Антика, микенолог, автор на над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија, учител на многу генерации класични филолози и научник од светски глас.

Неговите препеви на Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“, на „Прикованиот Прометеј“ на Ајсхил, „Мартолозот“ и „Скендербеј“ на Прличев и други, се од исклучително значење за македонската култура. Од непроценливо значење е и неговиот превод на Аристотеловата „Поетика“, во кој понуди решение за еден проблем кој класичните филолози со векови се обидуваа да го решат – проблемот на т.н. „трагичка катарса“ во Аристотеловата дефиниција на трагедијата.

Gloria aeterna!

 Извор: ΑΡΓΩ

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото