1014 hPa
64 %
20 °C
Скопје - Вто, 09.06.2026 22:59
девојчето дожд и момчето снег
играат карти во соблекување
одважно се нудат и губат
ги соблекуваат џемперите од азотни оксиди
дизајнерските маици од амонијак и сулфур
панталоничките од соли на тешки метали
долниот веш од фотооксиданти
по прв пат голи
збунети
дишат забрзано
како да го добиле целиот чист воздух во еден фајл
Превод: П. В.