Слободата е убава ако не си киднапиран од себе

07.07.2021 14:58
Слободата е убава ако не си киднапиран од себе

 

Некогаш единствениот начин да останеш коректен е да престане да ти биде гајле.

 

Луѓето имаат чудна пракса да те прогласат за лудак кога правиш да се осеќаат неконзистентни со себе.

 

Човек одбива да си го слуша срцето зашто тоа му кажува и многу работи за себе кои не сака да ги слушне.

 

Таман ќе помислиш дека си допрел дно, Земјата ќе те изненади со својата слоевитост.

 

Ако носиш две лубеници под една мишка многу испушташ во животот.

Тенка е границата меѓу тоа да се осеќаш слободен и никому да не му е гајле за тебе.

 

Слободата е убава ако не си киднапиран од себе.

 

Човек на човека му е огледало.

 

Имав комшија што цело време си збореше самиот, ама пред десетина години го скарав со себе и од тогаш си нема прозборено.

 

Кога би се погледнал од птичја перспектива, можеби и ти би се посрал на себе.

Бидете обзирни - луѓе се вреѓаат ако не им дозволите да ве навредат.

 

Некогаш, ако не ја разбрануваш барата, нема да знаеш колку длабоко си у гомна.

 

Научно е докажано дека 90.7288965% од перфекционистите страдаат од чир на желудник и потекнуваат од Мирукуќани.

 

Денешното трпение не оставај го за утре.

 

Не можам да не ја најдам иглата во сеното, ми боде очи.

 

Позади добра метла прашина се крева.

Слики: Gérard DuBois

ОкоБоли главаВицФото