Книги скулптури

08.07.21 11:32

Стивен Дојл (Stephen Doyle) ги опишува своите меѓусебно поврзани скулптури на книги како „минијатурни споменици, сведоштва за моќта на јазикот и метафори на имагинацијата“. Често во форма на скелиња и меѓусебно испреплетени конструкции кои изгледаат како да растат директно од поврзаните страници на книгата, проширените скулпторски форми што ја сочинуваат неговата серија „Хипертекстови“ се непослушни и волшебни замислувања за тоа како се соопштува информацијата.

Уметникот од Њујорк, исфрла делови од речениците, ги поврзува фразите со неповрзаните зборови и во суштина го затскрива значењето на зборовите на авторот на книгата, создавајќи произволни врски во текстот. Иако скулптурите од хартија се манифестација на јазикот што може да се допре, Дојл вели дека делата првично ги замислувал како сатирични коментари за дигиталното „линкување“. „Прв пат почнав кога „хипертекст“ беше нов поим на интернет: сино потцртаниот текст беше влез во друг документ во етерот. 

„Поврзувањето на еден текст со друг се чинеше прилично ДАДА со намера, апстрактно, случајно и каприциозно. Наскоро сфатив дека овие тродимензионални дијаграми имаат своја поетска моќ, реконтекстуализирајќи го јазикот и идеите во скулпторски форми, инспирирани од самите книги“, вели тој.


Извор: thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото