Техно феудализам

10.07.2021 02:09
Техно феудализам

Еве како капитализмот го дочекува својот крај: не во виорот на револуцијата, туку на ѓубриштето на еволуцијата. Како што во свое време незабележливо го истиснуваше феудализмот, сè додека еден ден, повеќето човечки односи не добија пазарна втемеленост, така капитализмот денес постепено се повлекува пред новиот модус на економска организација: техно феудализмот.

По бројните слични и предвремени најави за колапс на капитализмот, особено од левицата, ова е амбициозно тврдење. Но, овој пат прогнозата може да се оствари.

Симптомите се видливи. Цените на државните обврзници и цените на акциите на приватните компании, кои секогаш треба да се движат во спротивни насоки, денес растат заедно. Тој раст повремено забавува и запира, но нивните цени одат по истиот пат. Исто така, цената на капиталот, која треба да се намали со растот на неизвесноста, продолжува да расте, иако идните приноси се крајно неизвесни.

Можеби на 12 август, минатата година, го добивме најјасниот сигнал дека нешто невообичаено се случува, кога беше објавено дека во првите 7 месеци од 2020 година, националниот доход на Велика Британија паднал за повеќе од 20 отсто, што ги надмина и најпесимистичките предвидувања. Само неколку минути подоцна, вредноста на акциите на лондонската берза скокнаа за 2 проценти. Вакво нешто никогаш не се случило. Ова потврдува дека финансискиот сектор конечно се прости од реалната економија.

Дали овие необични настани навистина значат дека веќе не живееме во капитализам? Затоа што знаеме дека капитализмот веќе проаѓал низ длабоки трансформации. Зарем не би требало само да се почека и да се подготви за неговата следна инкарнација? Не мислам така. Настаните на кои присуствуваме не се само уште една од метаморфозите на капитализмот. Се случува нешто далеку подолгорочно и позлокобно.

Вистина е дека капитализмот од крајот на 19-от век барем двапати поминувал низ екстремни трансформации. Првата голема промена се случила со втората индустриска револуција и преминувањето од слободна конкуренција на системот на олигополи, кога електричната енергија го овозможила настанувањето на џиновските вмрежени корпорации и мегабанки потребни да се финансирааттаквите корпорации. Пекарницата, месрницата и пивницата за кои зборуваше Адам Смит ги заменија Форд, Едисон и Круп како примарни придвижувачи на историските процеси. Циклусот на мега приноси и мега задолжувања кои следеше доведе до крахот во 1929 година и до Њу дил, а по Втората светска војна и до воспоставување на нов систем во Бретон Вудс кој со регулацијата на финансискиот сектор обезбеди еден од ретките периоди на стабилност.

Крајот на Бретон Вудс во 1971 година донесе уште една голема трансформација. Растечкиот трговски дефицит на Соединетите држави беше главниот генератор на агрегатната побарувачка за стоки од Германија, Јапонија, а подоцна и од Кина, со што ги доведе САД во нова фаза на глобализација. Профитите од Германија, Јапонија и подоцна Кина се прелејаа на Вол Стрит, од каде беше финансиран целиот процес.

За да го завршат својот дел од работата, лидерите на Вол Стрит побараа ослободување од контролите воведени во ерата на Њу дил и Бретон Вудс. Благодарение на дерегулацијата на финансискиот сектор, олигополистичкиот капитализам стана финансиски. Додека Форд, Едисон и Круп ги заменија пекарот, пиварот и месарот на Смит, новите протагонисти на капитализмот станаа „Goldman Sachs“, „JP Morgan“ и „Lehman Brothers“.

Претходните трансформации на капитализмот произведоа далекусежни последици (Големата депресија, Втора светска војна, Големата рецесија и стагнација по 2009 година), но не влијаеја на клучните карактеристики на капитализмот како систем управуван од приватниот профит и пазарната рента.

Да, со преминот од капитализмот на Смит во олигополистичкиот капитализам, профитот беше неверојатно зголемен и на конгломератите добиј прилика да ја користат пазарната моќ за да извлечат големи ренти од потрошувачите (бидејќи се ослободија од конкуренцијата). Да, Вол Стрит извлекуваше рента од целото општество со пазарно регулирани форми на грабеж сред бел ден. Сепак и олигополистичкиот и финансискиот капитализам беа водени од приватни профити и закупнини остварени со успешна контрола на пазарот, на пример, пазарите во кои доминираше „General Electric“ или „Coca Cola“, или од пазари што ги изгради „Goldman Sachs“.

По 2008 година, сè се смени. Кога централните банки на земјите од Г-7 одлучија во април 2009 година да испечатат пари за да го покренат глобалниот финансиски систем, се случи голем крах. Денешната глобална економија не е водена од профитот на приватни претприемачи, туку од постојаното издавање пари од централните банки. Во исто време, местото на екстракција на вредност се префрли од пазарот во дигиталните платформи како што се Фејсбук и Амазон кои не функционираат како олигополи, туку како еден вид приватни феуди.

Скокот на берзата од 12 август, 2020 година, може да се објасни со фактот дека нашата економија не ја движат остврените профити на претприемачите, туку зголемените биланси на централните банки. Кога ги слушнаа лошите вести, финансиерите си помислија: „Одлично! Централната банка е во паника. Ќе испечати и ќе ни подели уште фунти. Време е за купување акции!“ Во целиот Запад централните банки печатат парикои финансиерите им ги позајмуваат на корпорациите, кои пак купуваат свои акции (чијашто цена веќе нема допирни точки со профитабилноста на нивните бизниси). Од друга страна, дигиталните платформи се замена за пазарите како место на екстракција на приватното богатство. Првпат во историјата практично сите бесплатно произведуваме акциски капитал на големите корпорации. Тоа го правите секојпат кога ќе постирате нешто на Фејсбук или користите Гугл навигација.

Традиционалните капиталистички сектори, се разбира, не исчезнаа. Многу феудални односи сè уште опстојуваа на почетокот на 19-от век, но беа потиснати од капитализмот. И капиталистичките односи денес преживуваат, но техно феудализмот полека ги истиснува.

Ако сум во право, секоја нова програма за стимулации, истовремено ќе биде премногу гломазна и недоволна. Каматните стапки веќе нема да можат да ја следат стапката на вработеност без да предизвикаат низа банкроти. Класно базирана политика во која партиите што ги застапуваат интересите на капиталот се натпреваруваат со партиите што ги застапуваат интересите на трудот - целосно ќе исчезне.

Капитализмот ќе биде изгаснат речиси во тишина, но можно е потоа да следи бура. Ако сите оние кои се најдоа на удар на техно-феудалната експлоатација и невидениот раст на нееднаквоста, успеат да најдат заеднички глас, тоа ќе биде голем притисок.

Илустрации: Nate Kitch

Извор: Project Syndicate

ОкоБоли главаВицФото