Смртта за време на настинка не разликува мириси

12.07.2021 11:05

Во младинското одделение на онколошкиот центар
во еден од металуршките региони
само две момчиња
од сите четириесет
ќелави со зеленкаста кожа со големи очи
уште пред хемотерапијата
успеале да водат љубов
во тој за нив туѓ живот
на едниот вистина не му тргнало од рака      но било
а другиот со маж          ама и нему целото одделение
                                                   му признава
им завидуваат плачејќи во перниците
оние на кои веќе ништо не им преостанува

наскоро сите тие
вклучувајќи ги и двајцата нај-нај
ќе поминат низ металниот детектор на небо
како низ дупченце од бела бескорисна таблетичка

нема да се вклучат нема да заѕвечкаат

некако така
уморно
едвај ќе мижурнат со зеленкава светлина

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото