Царот е сосема гол

28.12.2010 14:12
Kapak-69.jpg

Имав подготвен текст за крајот на првата деценија на 21 век. Филозофско-историски текст. Кој го фрлив во ѓубре ноќта од четвртокот кон петокот, на 24 декември 2010. Оти, сфатив, нема место, веќе, во земјава, за теорија, филозофија, историја. Оти 21 век во Македонија уште некое време нема да изгрее. Зашто, меѓу другото, и сонцето е во сопственост на Фамилијата. Оти место под сонцето има само за пастирот и неговото трло. Другото ќе се апси. Ќе се гази. Фамилијата прогласи: А1 ТВ е разбојник. Сопственикот на таа телевизија е разбојник. СДСМ е разбојник. Сите оние граѓани кои покажуваат милост и разбирање за посочените инкриминирани лица - исто така се разбојници. И спрема нив ќе се постапува како кон криминалци. Тоа ни го кажа власта, во директното риалити шоу, низ камерите на конкурентската телевизија, низ устата на еден од највалканите новинари во историјата на новинарството (инаку, преполно со чудовишта и џелати од најразновиден тип).

И покрај целото лудило, морам да речам, чудно е и ми изгледа речиси самоубиствено задоволството на оние новинарски и политички кругови кои мислат дека ќе имаат полза од уништувањето на највлијателната македонска телевизија. Затоа што апсењето на сопственикот на А1 ТВ е само увод во низата апсења кои ќе следат, можеби за некој месец, можеби за година-две... Од тие причини насфатливи ми се задоволството и сеирот; веќе утре челичната партиска полиција (овојпат на некоја друга партија) ќе чукне на вратата на денешните поддржувачи на железната тупаница на груевизмот; веќе утре оние што денес апсат и лесно пресудуваат ќе бидат уапсени, одново за радост и сеир на нацијата жедна по спектакли и правда. Бизарна е (до лудило, токму до автодеструкција) радоста на медиумскиот идеолог на преродбата, зашто од сателит се гледа кој е следниот за апсење.

Веројатно немаме доволно информации, но дека власта е во паника, јасно е барем половина година. Тие знаат нешто што ние не знаеме. Не ја знаеме, на пример, причината за наглото забрзување на политичките процеси во земјава... Дали груевизмот, затекнат во очигледен пад, се обидува панично да се пресмета, додека уште има сила, со најсериозните противници?! Очигледно - да. Но, како не гледаат, изродбениците, дека уништувајќи еден „непријател“ - создаваат десет нови?! Со апсењето на Рамковски поени не добива ниту „правната држава“, ниту олигархијата на Груевски; апсењето на Рамковски е поен за антигруевизмот, и тоа за најрадикалниот антигруевизам кој ќе се пресметува со груевистите можеби и бетер од што груевистите се пресметуваат со сите надвор од трлото на пастирот. За сеирџиите, се чини, настапуваат спектакуларни времиња; но, времињата, изгледа, ќе бараат јасни изјаснувања, баш контра-сеирџиски: или си со груевизмот или контра него. За сеирот, парадоксално, ќе има сè помалку место. И тоа, можеби, е добро. И затоа, можеби, треба да се поздрави најновата (лудачка, една од многуте) акција на изродбата: расплетот е поблиску, а граѓаните ќе мораат да решат, дали и втората деценија на 21 век ќе ја поминеме во сатрапијата на Златниот-Црниот (т.е. Малиот-Големиот, прославениот Николае Грујабе) или конечно ќе го фатиме патот на регионот, на Европа, на цивилизацијата...

Многу пати во колумнава изминатите години предупредував: Груевски ја води земјава кон многу опасни предели. Груевски ја одвои земјава од континентот, како парче санта, а патот што го избра води директно кон водопадот. И веќе не е битно дали е свесна или несвесна власта што ни го приредува кањонскиов слалом меѓу карпи; доверувајќи го управувањето со овој бушен чамец на кормиларот Груевски ние тргнуваме на патот кон „Београд“ на кој вози Мишко, кој „може и затворених очију“! Лудиот автобус чиј возач беше Мишко некако успеа да стигне до Белград, но таму веќе паѓаа бомби...

Рибарите во (Мишковата) Србија имаат интересен израз: „се превртела водата“; притоа мислат на периодот кога реката надоаѓа и тињата од дното доаѓа на површина... Е, во такво време живееме, време на превртена вода, кога гадоста од дното станува највидливиот дел на реката. Состојбата што ја тресе нашата држава (налик на бунило) може да се нарече и мизерабилизам. Терминот го создаде Андре Бретон; тој се однесува на сите општествени, политички и културни стратегии кои граѓаните ги ставаат во положба да бидат доброволни учесници во сопствената деградација. Надоврзувајќи се на Марксовата идеја за акумулација на економската „мизерија“, Бретон излегува од економските категории и го дефинира мизерабилизмот како целосно и системско занемарување на стварноста заради нејзината егзалтирана верзија. Безнадежноста и очајанието на луѓето се енергиите на мизерабилизмот кои понекогаш се придвижени и управувани од мизерни моќници кои на крајот најчесто стануваат жртви на сопствените монструми ослободени од ќупот.

Ханс Кристијан Андерсен во 1837 година ја објавува сатиричната приказна „Новата облека на царот“. Да потсетиме на славната финта на двајцата кројачи: тие рекле дека нивната облека не можат да ја видат оние кои се наоѓаат на високи позиции или оние кои се премногу глупави за да го видат очигледното. Прислужниците на царот, а и самиот цар, лажеле дека гледаат и сфаќаат. Нивната голотија набрзо ја виделе сите. „Царот е гол“ е една од најславните реченици на народното ослободување. А нашиот цар, комплет со неговите слепи придружници, ваистину е ќор - гол.

„Глобус“, 28.12.10.

Ми фали зборот фашизам,

Ми фали зборот фашизам, тоталитаризам, некако навикнав на нив, или од кога те подбра Трендо ги заборави да ги употребуваш?:) Очајни сте Гелевски, и вие и тој што те плаќа за овие ефтини колумни!

Слаѓо, мила, евтино се пишува

Слаѓо, мила, евтино се пишува со В.
За кој Трендо збориш?! За другарот на Иво Котевски?! (имало финта на твитер: Не знаеме кој е македонскиот Санадер, но го знаеме нашиот Иво!) Ако е тој Трендо, него го знаеме. Малтене ко Иво. Понижувач на ситни и развластени. Набутан у гзот на моќните и овластени. Одувек. Јак фраер. Од ориентален ков.
А ти, мила, Слаѓо, овде службено, ил ловиш дечковци, напалена од претходното коментирање кај Геровски?!

Трендо и Иво ги знаеме,

Трендо и Иво ги знаеме, градски фаци, кој си ти е муабетот, тебе не те познаваме, бидејќи си никој и ништо, неспособна вошка, соросоид зависен од белоглавиот поглавица.

Ne e samo carot gol, tuku i

Ne e samo carot gol, tuku i narodot e gol, i toa doveden do pitacki stap. Gruevski e samo eden od golite carevi, a gi imase nekolku, da ne zaboravame. A Gelevski e platenik, pa mora da si go odrabotuva svoeto i da pluka samo po Grujo&co., nebare samo Grujo e kriv za se u drzavava.

Ubav tekst, samo sto vrska

Ubav tekst, samo sto vrska nema so realnosta.

Познат, не ти се чини дека

Познат, не ти се чини дека парчево баш има многу врска со нашата реалност?:
Состојбата што ја тресе нашата држава (налик на бунило) може да се нарече и мизерабилизам. Терминот го создаде Андре Бретон; тој се однесува на сите општествени, политички и културни стратегии кои граѓаните ги ставаат во положба да бидат доброволни учесници во сопствената деградација. Надоврзувајќи се на Марксовата идеја за акумулација на економската „мизерија“, Бретон излегува од економските категории и го дефинира мизерабилизмот како целосно и системско занемарување на стварноста заради нејзината егзалтирана верзија. Безнадежноста и очајанието на луѓето се енергиите на мизерабилизмот кои понекогаш се придвижени и управувани од мизерни моќници кои на крајот најчесто стануваат жртви на сопствените монструми ослободени од ќупот.

Чудно, и ова ми личи на

Чудно, и ова ми личи на нашата реалност, нешто меѓу Кустурица и Шијан:
Груевски ја одвои земјава од континентот, како парче санта, а патот што го избра води директно кон водопадот. И веќе не е битно дали е свесна или несвесна власта што ни го приредува кањонскиов слалом меѓу карпи; доверувајќи го управувањето со овој бушен чамец на кормиларот Груевски ние тргнуваме на патот кон „Београд“ на кој вози Мишко, кој „може и затворених очију“! Лудиот автобус чиј возач беше Мишко некако успеа да стигне до Белград, но таму веќе паѓаа бомби...

А богами и ова го

А богами и ова го препознавам:
Рибарите во (Мишковата) Србија имаат интересен израз: „се превртела водата“; притоа мислат на периодот кога
реката надоаѓа и тињата од дното доаѓа на површина... Е, во такво време живееме, време на превртена вода, кога гадоста од дното станува највидливиот дел на реката.

Глеам, сликите ги сфаќате!

Глеам, сликите ги сфаќате! Машала! Цело време им зборам на Окнашиве дека треба да почнат со сликовници, за да сфатат изродбениците... Глеам, послушале:) Браос, Окно!

Многу излитено,демек имав

Многу излитено,демек имав текст,ама ај ќе го фрлам, оти не бидува за свињи бисери да редам. Со тој тажен акт на револт губиме ние, обичните смртници,ќе останеме духовно посиромашни и празни до болка, само заради тоа што Коља нема да препише нешто од француските автори. Ама затоа, ако некој сака да напише научен труд достоен за висока светска награда, за ликот и делото на Грујо, на располагање му стои уште една бравуроза на "експертот за Грујо и груевистика" од катедрата на Граѓани за Еротска Масажа. Аман Кољо, оди веќе, исплескајте се со Грујота и престани веќе да го "Делезираш".
Gilles Deleuze:
Présentation de Sacher-Masoch (1967). Trans. Masochism: Coldness and Cruelty (1989).

Вемерото се тресе до даски!

Вемерото се тресе до даски! Јал е земјотрес јал Николае Грујабе се љути! Вакво нешто, изродбеник да се повикуе на Делез - не се случило! Ало, народе! Смак света! Гелевски, растураш! Паника у редовима! Вади бе енциклопедиите! Ние ли бе сме неписмена багра! Јавуј се кај Трендота, јавуј се кај секоја мочана градска фаца! (Слаѓо, срце, дражесна си ко се љутиш, али ни од далеку не си ко Алис, јебига) Секој интелектуалец што прочитал бар Зоки Поки нек се нацрта одма у штабот! Мора на ова да му се застане на пат! Гелевски, изроде, праиш револуција у партијата! Ќе почнат да читаат (и они ко Бузлевски, на времето), ќе смекнат и све ќе сјебат!

Гоља, разголен, колку што е

Гоља, разголен, колку што е Грујо диктатор, толку си ти интелектуалец. Таква е државава јебига, нешто труло кое ти го затрујуваш уште повеќе, ко во твојов текст погоре- матната испливува...само што ТИ си матната! Го труеш сопствениот медиум, сето зло исплива тука. Ти ја сјеба работава, ко шо глеам. Они за твојов текст, ти со истата антигрујозлатножолтанеписменаплукачка реторика. Ај извади го тој филозофскиот текст од ѓубре, а? Батали политика

Алис, шеќерче, боље ќути си

Алис, шеќерче, боље ќути си или збори кратко (јас скоро се заљубив во тебе по чудесновишната реченица: „Коља, ќе те маам со камења ко ќе те сретнам на улица!“) Штом, мила, ќе употребиш повеќе од десет збора, одма паѓа твојата возбудливост. Одма се глеа јаден неписмен идиот, злоупотребен од мрачњикави партиски налози. Батали бе, Алис, слаткице, партии политика! Слушни си го советот! Дај земи камењата па да идеме да гаѓаме жаби у парк! Супер ќе си поминеме! Цмок, шеќерче:)

Сега ке ти објаснам како

Сега ке ти објаснам како изгледа мавањето со камења. Земам шпицасти, големи, прљави камења и те маам у јагодица, ем ти ја кршам, ем те сечат тоа шпицоите... и прска крв.Можда и да закачиш некоја инфекција. Заборави на вулканските мазни камчиња.

Пак заведуеш, лукавице:)

Пак заведуеш, лукавице:) Опасна си! Можеме да уживаме од немила до недрага, така раскрварени и расчукани (од камења, од школки расечени, а ги шмукаме...). Стварно си неодолива, Алис, манијачке, повремено:) Но, може, сепак треба да се консултира и психијатар(&лектор)?! Да ве фати со Слаѓа?! Сепак премногу насилство за мој вкус... Бегам, мила...

Кољо,МАЗОхисту мој,овој лик

Кољо,МАЗОхисту мој,овој лик не ти стои,голем ти е,не си ти таков,оти да беше, ќе растураше во стил "песнаја у вугла", ќе беше со шишето бензин во рака, а не со камшикот за самошвркање и цимолење позади тастатура.
Уште едно, прочитај ти антиинтелектуалецу нешто повеќе од Делез одколку тоа што го пишува позади на корицата,па потоа роктај колку сакаш.

Заборавив, ти и таквите како

Заборавив, ти и таквите како тебе сте невидени лицемери.
Вие би убиле за да добиете нобелова награда за мир
Вие,ако ги мразите педерите, до смрт би ги ебеле

Јаднику, здружете се со

Јаднику, здружете се со љупката простакуша Слаѓа, па дојте на некој вечерен курс по писменост (коа веќе преродбава штеди на вечерни школи за коментаторски ентузијасти). Вака ко за најопшт совет, после запирка се стаа спејс...
Ако ти, неписмена будало, читаш Делез, тоа е причина повеќе во партијата да ги вклучат сите аларми: само господ знае каква непогода може да настане коа неписмен билмез зима висококтанска машина за читање... Океј си у главчето, билмезче?! Не е Раскашавено?! Башка, тебе, машко, и името ти збори дека не си баш најарен у сивите зони...

Еве, а се што е кажано

Еве, а се што е кажано погоре сеуште важи. Важи?

Инаку, -простор- јас

Инаку, -простор- јас кога го читав Делез, -простор- ти сеуште се трудеше да имаш хетеросексуална врска. Ти текнува кога беше тоа, -простор- или многу одамна беше?

Гелевски, царе!

Гелевски, царе!

единствено нешто потрагично

единствено нешто потрагично од Македонија се коментарите по македонските веб медиуми. депресија.
 

Mnogu tekstovi, edna te ista

Mnogu tekstovi, edna te ista sodrzina.

секој пат кога ќе навратам,

секој пат кога ќе навратам, мислејќи дека коља , конечно, го допрел дното, сфаќам дека сум била во заблуда- рове ли рове понатака...
ни десните ни левите, па ни ултрашите не те трпат веќе. и не си брате више за трпење, пролупа, тоа е , рок на траење.
он метафори, остали вреѓаат. он писмен, па коа ќе се појави писмен, мора нешто да не штима. а па најбоље ми е кога делиш лекции по граматика (во еден дел и погрешни).

муко! славниот контрапункт на деведесеттите! на што се сведуваме кога ќе ќе ја утнеме на патот на достоинственото губење од релевантност. ..

Од македонските медиуми можеш

Од македонските медиуми можеш да ја видиш реалноста на ситуацијата колку што можеш од порно филмовите реалноста на сексот

А бе Коља, знаеш што

А бе Коља, знаеш што забележувам? Од ова Хунзиве, се исти пациенти во коментариве. Еден лекар би ти завршил добра работа. Знаеш веќе, да им дели совети, апчиња... Докторе, помогни ми! Ти текнуе?

Аа, ми текнуе, еве баш од

Аа, ми текнуе, еве баш од таму идам.

Бранко Героски, и новинар и

Бранко Героски, и новинар и интелектуалец и борец за човекови права, и советник на Велија Рамковски... активист "оваа ненародна власт да се симне од власт" има три стана на улица Бихаќка" во Скопје, во непосредна близина на централата на СДСМ. Се работи за становите број 18, 19 и 20. Комшиски станови на С.Ш. во стан 17 и В.Т. во стан број 21. Тоа е влез до кафетеријата Бај д веј".

Ајде Геро вади становите да ги броиме, 200 квадрата машала, на твое име ли се водат или и ти како газда велија, го шеташ имотот лево десно, ајде покажи се, кога можеш ти да имаш 3 стана, грујо може да има 33, нормално според логиката кој колку заработува, кој колку му е платата, оданочената се разбира!

Слаѓана, душо, ти не си ни за

Слаѓана, душо, ти не си ни за секс. За секс си, уствари, најмалце. Евентуално черга за бришење чевли, пред да се влезе во подрумскиот партиски „оддел за интернетско работење“. Кафекуварка да не си во подрумот, душо, па се обидуваш да се пробиеш, да се докажеш, да излезеш од мракот?! Чуј, срце, со вакво простачко однесување, ми се чини, дури ни дечко-преродбеник нема да си фатиш. Ќе те заобиколуваат дури и партиските другарчиња, оти им ѕиркаш во имот, во приватност, ко најголем бедник. Ти си партиско дно дна, цуро. Торокуша и малограѓанка од најнизок тип.

Кољо, кога маските паѓаат

Кољо, кога маските паѓаат театарот завршува. Навредите се единствено нешто што ви остана на располагање, аргументите и фактите се на другата страна!

Драга Слаѓана! Историјата ќе

Драга Слаѓана!
Историјата ќе ги даде најдобрите факти и аргументи. Ваквата атомско-партиска-радиоактивна „реторика“ и податоци ги наоѓаме во партискиот буквар за нон-сенс монодимензионални следбеници! Коцката е фрлена! Самодекструктивизмот е конечно излезен од пандорината...

Историјата ја знаеме, фактите

Историјата ја знаеме, фактите и аргументите се отворија, тоа врме го поминавме, историјата ја перживеавме некако, сега ја живееме сегашноста сеушето со кошмари од минатото.

Која историја ја знаеме? Онаа

Која историја ја знаеме? Онаа која секоја идеологија ја менува под бремето на сопствената малоумност и малодушност!? Историјата не ја преживеавме, таа ќе не надживее, а во најлош случај, ќе не уништи! Сегашноста ни е венчана со восочната историја наша која, како што реков, се моделира соодветно деволуцијата на човекот.

Геро не плаци, грк тебе плати

Геро не плаци, грк тебе плати евра. заборави газда велија апс.

ОФ грешни чеда, лошо ви се

ОФ грешни чеда, лошо ви се пишува, нема да ве примам во мојата градина, сите ќе ја видите диктатурата на господинот Ѓаволовски и искрено ве жалам

Слаѓана, на кои аргументи и

Слаѓана, на кои аргументи и факти мислите?! На тие дека Груевски (т.е. мајка му) има пет стана само во Македонија?! Дека Мијалкови се меѓу побогатите Македонци?! Дека огромен дел од богаташите во Македонија се под контрола на партијата и фамилијата?! Дека во маркетиншките агенции во овие пет години Фамилијата има испрано повеќе десетици милиони евра?! Дека само за контрола на телевизиите и весниците Фамилијата во овие пет години вложи (одново полнејќи ги партиските црни каси) нови десетици милиони евра народни, наши пари?! Дека проектот СК 2014 е најголемата пљачка во историјата на Македонија?! Дека сите тендери во оваа земја служат за полнење на бисагите на Фамилијата?! Дека законите во оваа земја не важат за Фамилијата?! Дека Фамилијата го контролира секое камче (а богами и она под камењата!) во секое катче на разјебанава ни татковина?! На тие факти и аргументи мислите, Слаѓана?!

Кога може Геровски да купи 3

Кога може Геровски да купи 3 стана од 250 000 евра со неговата плата од 15 000 денари, зошто Грујо да нема бар 5 стана со 4 години министерска и 5 години премиерска плата?! Има ли логика? Мијалкови не се богати од вчера, 20 години работат во Чешка, и нормално е да имаат имот таму, и имаат, и имот и многу пари! Од кога е забрането во оваа држава да си богат? Преку кој маркетинг агенции одело перењето пари, преку скопје 2014 се перело пари, ајде посочете ги и пријевете ги, излезето со документи и со факти, само така ќе ви веруваме, ТИЕ ФАКТИ САКАМ ДА ГИ ВИДАМ, а не Гелевски и Геровски констатирале дека има перење пари и готово решен случај?! Вашиот став зависи од тоа кој плаќа, до толку сте релевантен фактор. Колку пари толку зборови!!! Ја имавте на увид целокупната документација за Скопје 2014 пред вас, несакавте ниту да ја погледнете!!! Се дрзнавте да вадите афера за исчезната документација која нема никаква финансиска врска. И да сака човек да ви верува, неможе кога гледа дека оној кој критикува за перење пари (Геровски), примал пола плата на црно, а газдата што го советува и брани е во притвор за затајување данок од 4 000 000 евра. Има ли поголемо лицемерие од ова?!

И ајде да ви веруваме, се пере пари, диктатура владее, фашизам нели, ајде да одиме на избори...И ШТО??? Кого да го гласаме, Бранко - пропали машински инженер, црното минато на Македонија (сега ќе ја опраел?!), Бучко - миленикот на скапи часовници, нешто слично како Санадер, осуден на 4 години затвор, Заев - оној аболициран за криминал од 8 мил. евра, криминалец што се закани дека живи луге ќе јаде?! Да не треба Верушевски со фамилијата да го ставиме место Мијалкови, па на раат да јадат, колат убиваат луге по улици?!?

Пројде тој филм аналитичару, пројде и тоа време, нема враќање назад!!!

Слаѓана, нек биде по твое.

Слаѓана, нек биде по твое. Ако стварно веруваш во тоа што го напиша - јака ти душа. Подобро човек да те жали отколку да се расправа со тебе.

Само еден аргумент околу Геровски; велиш, Мијалкови работеле; па и Героски работел, многу подолго и од Мијалкови и од Груевски (башка, Слаѓана, знаеш дека министерските плати - па и премиерската - се релативно мали, сосема недоволно за пет стана и разни други богатства); Героски веројатно заработил големи пари (за наши услови) кога германската компанија ВАЦ го купи Дневник, чиј основач е Героски.

Како и да е, Слаѓана, каков е тој начин да малтретираш и прогонуваш луѓе по коментари, а притоа истата аргументација да не ја дозволуваш кон заштитените бели мечки, нашата света власт?! Заради тоа ти велам, Слаѓана, бесмислено е со тебе да се разговара.

Нема заштитени мечки, има

Нема заштитени мечки, има само докази, факти, аргументи и документи кој што ги барам да ги видиме. Ајде изнеси ги документите за перењето пари, па да ја колеме мечката!

Ова е за антологијата на

Ова е за антологијата на идиотизмот:
„Ја имавте на увид целокупната документација за Скопје 2014 пред вас, несакавте ниту да ја погледнете!!! Се дрзнавте да вадите афера за исчезната документација која нема никаква финансиска врска.“
Вели мила Слаѓа. Аха, Слаѓо, баш ја имаме целата тендерска документација на Миле звани Тендер, исто ги имаме на хартија стотиците милиони упумпани во агенции, медиуми, лееарници, а богами и во ДБК; исто така го имаме целото досие Злетовица (тричави 70 милиони евра) итн. - само мрзливи сме, бе, Слаѓо, слаткице, да се бафтаме со хартии, па си викаме, дај бе распаљотка по лични основи врз изродбеници! Мајка и шајка! Пцуј им роднини, сонце, бога, крши им цеваници, пљукај ги, ама кој ќе се мачи, бе, да глеа по супер средената документација на Златниот-Црниот?! Која опште не исчезнува. И која е јавно достапна, баш ко што налага законот за пристап до информации. Јебеш, признаваме - ужасно сме мрзливи. Позабавно е да се зезаме. Има кој да работи, нали? - груевистите. Може некои идни, за некој месец-година, сепак ќе решат да ѕирнат во „отворената“ документација?! Па може тогаш и нам ќе ни помине мрзата?! Шо знаеш, Слаѓо, чудни времиња дојдоа...

Пиши година. Туку друго

Пиши година.

Туку друго нешто ме интересира, Геровски. Кој според тебе има капацитет да ја води Македонија, ако не фашизоидните адолесцентни перачи на пари кои моментално ги поганат фотелјите? За кого се залагаш ти? Кој, според твоето ценето мислење, треба да ги замени овие хоштаплери коишто моментално изиграваат власт?

Слаѓо, ти си стварно идиот

Слаѓо, ти си стварно идиот или само се преправаш?! (ко мртва мечка:)
Слаѓо, будалче, Велија беше прв соработник на Златниот-Црниот три години (06-08)! Велија беше уз ВМРО и 98 и 2002! Зар мислиш, душиче, будалче, дека Фамилијата 12 години не знаела за „криминалите“ на Велија?!
Слаѓо, срце, во земја која пишти под чизмата на Грујо, кајшто луѓето до вчера на работа шепкаа за случајно да не ги избркаат, ти ги бараш државните документи?! За кражбите на изродбениците?! Слаѓо, стаи си топломер у гз (веќе зборевме дека тешко и преродбеник да те погледне; не можам да се воздржам од сексуалните алузии - кои се повеќе метафорични - крај еден ваков екстремно испран партиски мозок), и провери да не од температурата твоево бладање.

И викаш, Слаѓо, Иво Котевски

И викаш, Слаѓо, Иво Котевски бил градска фаца, а соросоидот Гелевски бил гнида?!
Какво време дојде, а, народе?! Цајкански шупци од најдолен тип (портпарол на портпаролката на Фамилијата) да се градски фаци!? Јак град, богами. И јака држава.

Иво Котевски, за тебе

Иво Котевски, за тебе необразован среднисту, е интелектуалец парекселанс! Шупко продупчена!

Батка, ти да не правиш некоја

Батка, ти да не правиш некоја пародија на цајкански виц?! Иво Котевски - интелектуалец?! Да не дипломирал кај професор Латас можеби?!

За Коља е доктор на науки :)

За Коља е доктор на науки :)

Како не си знаел, бе,

Како не си знаел, бе, неградска фацо? Сеа, по ново, градски фаци се: Трендо, Латас, Јадибурек, Миленко, и највечиот од сите, Златниот-Црниот. Неговиот гегав ход се имитира, неговата мимика макотрпно се проучува у огледало... Го глеавте ли Коњановски пред некој ден?! Не можев да верувам! Старо магаре, сосема го симнал целокупниот фацијелен и вербален стил на пастирот! (инаку, глеам дека Тодоров, Ѓорчев, Димовски итн. се клонови на Златниот-Црниот, ама си викам, ај, млади. А магарево?! Кое хара низ министерството и РЕКОТ Битола години веќе, притоа психички болен - има параф од судот - дека бил со нарушено психичко здравје од што го навредила чудовишната Весна Бендевска?!)
Така што, неградска фацо, вежбај вратни мускули (да ти се претвори потиљак у радијатор), фарбај коса у црно, купи бриљантин пар кила - и фати ред за вработување пред општински комитет. На тој начин може и ти некад ќе станеш градска фаца.

Ми се свиѓа твојата иронија,

Ми се свиѓа твојата иронија, Експерт, но во едно морам да те исправам: „градските фаци“ што ги набројуваш не се новопрогласени. Трагедијата на Скопје е што такви шупци (ко Латас, ко Миленко, ко Иво Котевски, ко браќата Мијалкови итн,) отсекоаш стварно биле градски фаци у паланката ни. У Скопје - најголемата сељачка збирштина во регионот. За прави фраери овде никоаш немало место. Или гинеле или бегале или биле прогласувани за „трула буржоазија“ или, по ново (а можда и не е толку ново?!), предавници и западни платеници. Овде царува паланечкиот ум. А негови најрепрезентативни примероци токму се наброените, уз, се разбира, големите (сељачки) политички узори, меѓу кои (да не остане дека само ВМРО е носител на сељачизмот) неприкосновено припаѓаат Црвенковски и Бучковски, поглавиците на СДСМ (ко илустрација: ги видовте ли трибините на концертот на Здравко Чолиќ? Рамноправна еуфорија на елитите од СДСМ&ВМРО!) Распоредени по Ленинова и ул. Македонија, таму се мочаните „градски фаци“ на овој сјебан град. И само тука простакушата Слаѓана изглеа има право (а богами, каква сељанка е, не и’ се мали шансите да си најде сличен сељандур меѓу преродбениците:).

Еј, Експерти, не го отварајте

Еј, Експерти, не го отварајте муабетот за скопските „градски цури“! Тек тука кои хорор владее - да проблуеш! Изглеа масниве залижани и евтино костумосани квазимафијаши (читај: изродбеници) се само папучари (т.е. огледалски одраз) на скопските шмизлетини-оштроконџи (караконџули, бе!) Не отварајте рани, Експерти! Од овој град треба да се бега главом без обзира! Т.е. пред овдешните „градски“ (екстремно малограѓански; Слаѓа е баш профилот) цури и дечковци! И Манитоба е боља од ова! (и мечките у Манитоба се бољи:)

Сега прво ќе вреѓа Коља со

Сега прво ќе вреѓа Коља со типичното за него лепење етикети - сељачишта, неписмени. Кога ќе му кажеш дека се луѓе од градот, што искачале у центар, шо се движеле и по андерграунд и по шеамаџиски места, луѓе што имаат дипломи за разлика од него, тогаш не му чинат дипломите, Скопје било уствари паланка и боље да си иделе од Македонија и он и неговите кољоиди(за среќа таквите се ептен малку). Па идете си бе, што подалеку ајде иш иш иш исфрустрирани гноми и тролови.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото