1016 hPa
77 %
17 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 05:05
во погребен завод
старица
шминкаат за погреб
го споредуваат лицето со фотографија
донесена од роднините
со четкички иглички моливчиња
слој по слој
речиси како да е жива
утре ќе легне крај
дамна починатиот сопруг
тој ќе ѝ се восхитува
ќе ја допира со коската таму каде што му недостасувала
шминка е тоа кога трпиш
ни премногу
ни предолго
Превод: П. В.