Илустрациите на Хелга Ајчингер

14.07.21 11:19

Хелга Ајчингер (Helga Aichinger, 1937) е австриска сликарка, графичарка и илустраторка.

Студирала калиграфија и типографија на Факултетот за ликовни уметности во Линц. Од 1960 година, почнува професионално да се занимава со илустрации за книги, колажи и графика. Изложувала во Виена, Линц, Траун, Прага, Истанбул и Анкара, учествувала на колективни изложби во Болоња, Братислава, Белград, Бејрут и на Биеналето во Ментон. А нејзините дела ги откупиле музеите МОМА и Стеделик. 

„Се чини дека моите илустрации зборуваат повеќе за мене и за моите цели отколку какви било зборови. Во моите дела, јас повторно и повторно им го демонстрирам сопствениот внатрешен свет на децата, им зборувам со слики и едноставни реченици. Сакам да споделам со нив неколку важни работи, нешто што ме прави среќна секој ден, а понекогаш и ме растажува, нешто интимно и драгоцено, што лежи во срцето на нашиот живот и се однесува на секое живо суштество. За да го пренесам ова, ми се чини многу е важно да останам дете во душата, отворено и флексибилно, да се обидам да ја спознам величината на овој свет до најмалите детали, да гледам на сè со свеж поглед, како на првиот ден на создавањето, а децата, се чини секогаш ги разбираат моите илустрации“, изјавила авторката.

Ова се илустрациите на Хелга Ајчингер за сликовницата „Јона и големата риба“ од Клајд Роберт Була („Кроуел“, 1970).

 

Извор: 50watts.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото