Пресекување на границата на должината со Алцхајмер

14.07.2021 18:35

најпрво се забораваат заменките
потоа именките
потоа глаголите
од јас те сакам
останува сакам
потоа и тоа ќе исчезне
не
на крајот зборот наеднаш почнува да ги бара
најблиските пукнатини
и ползејќи заминува во несвесното
како што граничар во бела маскирна униформа
ползејќи заминува во снегот што не му припаѓа

сè ќе се смири
кога во мојот промрзнат војник
ќе потпукне последната
топла буква

ама таа ќе успее да те се присети

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото