Тајниот сликар: Неквалификуван работник оставил 400 слики кои сега ги изложуваат престижни галерии во Лондон

15.07.2021 12:35
Тајниот сликар: Неквалификуван работник оставил 400 слики кои сега ги изложуваат престижни галерии во Лондон

Кога неквалификуваниот работник Ерик Такер починал на 86-годишна возраст во јуни, 2018 година, неговото семејство открило дека бил и сликар и оставил невидено наследство од околу 400 слики. Откако случајот го објавиле медиумите во Британија, критичарите се заинтересирале за овие дела и ги споредиле со сликите на Лоренс Лаури (L. S. Lowry, познат британски сликар). Како резултат интересот на јавноста, сликите на Такер, градежниот раобтник се изложуваат во две водечки уметнички галерии во Лондон

Ерик Такер го напуштил училиштето на 14-годишна возраст и без никакви квалификации најголем дел од животот работел како грдежен работник во Ворингтон, Чешир. Во младоста се занимавал и со професионален бокс. Но никој од неговото семејство не знаел дека слика.

Тој создал над 400 масла на платно и акварели, прикажувајќи го „срцето на животот на работничката класа“ во неговиот роден град во текот на речиси седум децении.

Наместо да ги нуди на продажба или изложба, Ерик ги чувал своите дела далеку од очите на јавноста, складирајќи ги ги во неговата скромна барака во која живеел речиси целиот живот. Такер не бил женет, живеел сам, а на постари години заболел од артритис и починал на 86 години.

Големата колекција на слики ја откриле роднините откако дошле да го расчистат домот на Такер по неговата смрт.

Повеќето од сликите содржат сцени слични на оние од сликите на Лауери со зачадени пабови, раскопани, заградени улици и фабрики, а прикажани се и локалните жители со качкети и нивните жени. Има и неколку слики на кловнови како резултат на детската љубов на Ерик кон циркусот, како и портрети на неговите родители.

Така талентот на поранешниот професионален боксер, чии слики додека бил жив биле отфрлени од уметничкиот естаблишмент, конечно добива признание откако неочекуваното откритие ги натера критичарите да го наречат „тајниот Лаури “.

Лондонските галерии „Alon Zakaim Fine Art“ и „Connaught Brown“се здружија за да претстават 40 од евокативните сцени на починатиот самоук уметник, на кои е претставен животот на работничката класа во индустрискиот север во Британија. Тие организираа заедничка изложба насловена „Ерик Такер: Тајниот сликар“.

Претходно, поранешниот дом на Ерик беше привремено претворен во бесплатна уметничка галерија за еден викенд за да се изложат неговите слики, а тие исто така се појавија на изложба во Музејот во Ворингтон.

Избор од 14 акварели од Такер, биле понудени за продажба на онлајн изложба во декември 2020 година и се распродале за само неколку часа. Критичарите го опишаа Такер како „вистинско откритие“ и „извонредно, важно откритие“, правејќи споредби со творештвото на Л.С. Лаури и Едвард Бура.

Ентони Браун и Алон Закаим, директорите на двете галерии домаќини на изложбата во заедничкото соопштение напишаа: „Ние сме воодушевени што го прикажуваме делото на Ерик Такер, кој има интересно место во модерната британска уметност“.

Иако сликарот Такер го опишуваат како „тајниот Лаури“, неговите дела се далеку посложена од само тоа. Додека Лаури слика од далеку, прегледувајќи ја областа, Такер го фрла гледачот среде сцената. Тој ја насликал својата заедница во Ворингтон без да ѝ суди, со хумор и духовито набљудување.

„Иако за време на неговиот живот, во голема мерка неговите дела беа скриени, со нетрпение чекаме да дадеме заслужено признание на заслугите на Такер“. Ричард Корк, критичар и историчар на уметност, вели: „Сега кога неговата уметност конечно се спаси од незаслужениот заборав, тоа ни овозможува да споделиме цела низа живописно дефинирани емоции и искуства во срцето на животот на работничка класа“.

Ерик бил најстар од трите деца. Роден е во 1932 година, а го напуштил училиштето во 1946 година, кога имал само 14 години. Се занимавал со бокс и служел четири години војска во кралската коњичка гарда, потоа да работел за локалните градежни изведувачи во Ворингтон.

Тој честопати наминувал на пијачка во локалните пабови и машки клубови за работници, а голем дел од неговите слики често се базирани на сцени од тие пабови. Неговиот помлад брат Тони раскажува дека семејството знаело за страста на Ерик за уметноста, но никогаш не претпоставувале дека има огромна колекција негови слики.

„Тој беше многу скромен човек кој никогаш не зборуваше за своите вештини, и покрај тоа што правеше скици, седејќи во неговиот паб; на сите им изгледаше како обичен човек.

Сега, по откритието, целото семејство беше прекрасно и заедно работевме во надеж дека ќе ја обелодениме работата на Ерик и ќе му го донесеме признанието што го заслужува. Само сме тажни што тој не е жив за да види дека сето ова се случува.“

Ерик, кој никогаш не се оженил, се обидел да добие признание за својата работа - но тоа било горчливо искуство. Тони вели дека успеал да продаде две слики преку дилер, но стресот и шокот што требало да му плати провизија на дилерот го премислиле да продолжи понатаму.

Ерик Такер

Извор: dailymail.co.uk

 

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Култура / Уметност / Историја
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност

ОкоБоли главаВицФото