Климатска клацкалка во Скопје како предупредување за климатските промени

16.07.2021 15:51
Климатска клацкалка во Скопје како предупредување за климатските промени

Во центарот на Скопје денеска минувачите можеа да ја видат Климатската клацкалка како предупредување за зачувување на климатскиот баланс, бидејќи веќе не е прашање дали ќе се случат климатските промени, туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија.

„Идејата на оваа акција наречена Климатски баланс е да се потсетат граѓаните, властите и да се подигне јавната свест во Македонија за што е можно поодржливо користење на природните ресурси во прв ред шумите и водата кои за жал се сериозно загрозени (илегална и прекумерна сеча, мали проточни хидроцентрали кои го уништуваат биодиверзитетот). Акцијата Климатска клацкалка преку сантата мраз која на скопските горештини интензивно се топи едновремено го претставува и топењето на глечерите и половите и кризата на северниот пол кој е сериозно загрозен и се претпоставува дека во наредните децении може да се случи негово целосно топење. На другата страна на клацкалката е планетата Земја која засега е високо над огнот но како се топи мразот клацкалката се спушта кон огнот и го најавува пеколниот период кој ни претстои ако не превземеме големи и брзи чекори за намалување на глобалното затоплување кое несомнено ќе нè погоди сите и никој нема да биде поштеден“, наведуваат активистите.

Акцијата е спроведена од страна на Центарот за современи уметности Скопје и финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.

 

 

Слични содржини

Активизам / Јавни Простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото