Страшните поплави мора да нè направат свесни за климатските промени

19.07.2021 12:55

Страшните поплави од Германија, Белгија, Холандија и Луксембург мора да нè направат свесни за сериозноста на климатските промени и глобалното затоплување. И дека ни најбогатите и најразвиените нема да бидат поштедени. И дека мора веднаш да преземеме нешто во врска со ова.

На индивидуално ниво, треба да избегнуваме да користиме коли, а наместо тоа да пешачиме и користиме велосипед. Да не трошиме струја непотребно. Да не купуваме работи што не ни требаат. Да рециклираме и реупотребуваме колку што можеме. Да не фрламе храна и други работи непотребно.

На државно ниво, мора веднаш да почне да се инвестира во обновлива енергија, а јагленот и нафтените деривати да почнат да се напуштаат. Да се инвестира во јавен превоз кој не загадува. Да се инвестира во енергетска ефикасност на зградите. Да се зголеми рециклирањето. Да не се сечат дрвја, туку да се садат.

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 17.07.21.