Милијардери, можевте да бидете херои!

20.07.2021 01:26
Милијардери, можевте да бидете херои!

Има една сцена во филмот „Justice League“ во која Флеш, младиот и многу ентузјастичен Езра Милер го прашува намуртениот Бетмен (Бен Афлек) која е неговата супермоќ. „Јас сум богат“, суво му одговара Бетмен. Тоа е шега но и не е шега. Огромното богатство на Брус Вејн навистина му овозможува на Бетмен да биде Бетмен, возрасен човек кој поголемиот дел од своето слободно време го троши за да го практикува своето опсесивно хоби - да биде костимиран борец против злосторствата, со огромен арсенал високотехнолошки џиџи-миџи кои ги користи само еднаш и потоа ги фрла. А далеку од тоа дека во стриповите Вејн е единствениот маскиран капиталист. Негови колеги богаташи се и Оливер Квин (Green Arrow) и Тони Старк (Iron Man). Овие мажи се родени од оној стар американски импулс да се верува дека со големото богатство доаѓа и голема доблест.

Тешко дека Америка е единственото место кое на богаташите им овозможува да играат според сопствените правила. Но американскиот бренд и митологијата што се плете околу „американскиот сон“ имаат извор во валоризацијата на индивидуалните успеси. Американците отсекогаш ги глорифицирале неконформистите, бунтовниците и „добрите момчиња со пиштоли“, дури и ако сите ги занемаруваат виталните придонеси на останатите луѓе, дури и ако понекогаш се борат за изгубени или небитни работи, дури и ако загрозуват други луѓе. Затоа не е изненадувачки што во четриесеттите и педесеттите години на минатиот век, индустријата на стрипови измислила цел еден петпарачки пантеон на херои кои имале магични моќи и неверојатни доблести, кои се бореле против злосторствата, праќале воинствени пораки и го исмевале комунизмот. Овие херои биле доказ за тоа дека секој може да се издигне до небо во мериократската Америка.

Но една работа е кога потфатите на супербогатите суперхерои ќе се ограничат на фикцијата. А сосема друга кога ќе се преселат во реалниот живот.

Со нееднаквоста на богатството кое во Америка достигна нов врв – оние 0,1 отсто на врвот имаат отприлика ист удел во имотот и парите на Америка колку што заедно имаат оние 85 отсто на дното – земјата гледа како од ден на ден се појавуваат сè повеќе милијардери кои сакаат да влијаат врз неа и да ја спасат работата. Тие јавно зборуваат за светските проблеми, а своите намери ги претставуваат преку етузјастични постови на социјалните мрежи. (Во меѓувреме дознавме дека многумина плутократи избегнуваат да плаќаат данок или плаќаат многу малку).

Милијаредерот и основач на „Тесла“, Илон Маск, скока од една до друга планетарна криза со многу добронамерни но сосема невозможни потенцијални решенија; како онојпат кога се обиде да ги спаси децата заробени во пештера, во Тајланд, со подморница направеан од делови на ракета. („врвна технологија, но не баш практична за нашата мисија“, му возвратија локалните власти); или кога имаше идеја како да ја врати струјата во Порторико по ураганот „Марија“ (само полууспешно велат луѓето од тој регион); или кога нудеше респиратори за луѓето заболени од ковид („фијаско“, како што го претстави тоа во уреднички коментар, весникот „The Sacramento Bee“ од Калифорнија).

Бил Гејтс го троши своето богатство заработено од софтвер за борба против глобалните болки, сиромаштијата и нееднаквоста. Марк Закерберг плаќа за големи идеи што би можеле да ги решат проблемите со гласањето на избори и со расизмот. Џеф Безос инвестира милијарди во бесплатни градинки.

Сите тие се убави работи. Но, во исто време се соочуваат со енормни структурни предизвици кои глобалните влади не успеале да ги решат со генерации претходно. Напроти тоа, овие мегамогули веруваат дека можат да ги решат проблемите во слободно време преку моќта на концентриран кеш и размислување „надвор од вообичаеното“ кое неизоставно ја вклучува технологијата.

Проблемот со пристапот „надвор од вообичаеното“ е што тој често ја игнорира реалноста која вистинските луѓе ја гледаат во вистински ситуации. Проблемот со технологијата е што таа прави сè да биде побрзо и посилно што би можело на повеќето луѓе да им донесе добри работи, но со себе го носи ризикот малите промени да се претворат во катастрофи.

Почесните прикази на фиктивните суперплутократи го признаваат ова. Во универзумот на Марвел, милијардерот Тони Старк е брилијантен и добронамерен, но истовремено е и голем нарцис и самозадоволно момче кое никако не може да порасне; тој донесува избрзани одлуки без да размислува за последиците врз „малите луѓе“, така, тој и неговите „Авенџери“ во смрт праќаат стотици Соковијани. Тој замислува глобален систем на безбедност кој ќе им стави крај на сите судири; резултатот е андроид убиец кој сака да го уништи човештвото.

Колегите на Старк од реалниот свет изгледа дека исто така предизвикале бројни проблеми. Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се воздигнуа толку многу на светскиот систем на јавно здравство што некои експерти се загрижени дека практично може да го приватизираат здравството во сиромашните држави кои се вртат кон западните лекови наместо кон одржливи системски реформи.

Фондацијата на Марк Закеберг наводно уништила еден проект за следење податоци за гласачите од страв дека премногу личел на скандалот во претседателските избори во САД, 2016 година во кој беше вклучен и Фејсбук.

Занимавањето со бесплатното школство на Безос, многумина ги натера да помислат дека тој сака да го превземе образованието на децата и сите да ги претвори во идни работници во Амазон.

Некогаш филантропите, оние од претходните генерации, биле задоволни со тоа да потпишат масен чек или да ги поканат да пресечат некоја лента. Овие денешни „решавачи на проблемите“ сакаат многу повеќе да бидат ангажирани во градењето на „подобра иднина“.

Вистина дека некои проблеми на денешницата се големи и мора да се нападнат од повеќе страни, дека се неопходни огромни ресурси, па зошто тогаш би било проблем што тие ресурси доаѓаат од куферот на супербогаташите? И овде може да ни помогне аналогијата со супер хероите. Иако се чини дека на Готам Сити му е неопходен Бетмен за да се пресмета со суперлошите кои му се закануваат на обичниот народ, сржат на митологијата за Бетмен ѝ удира контра на таа теза: секој обожвател на Бетмен ја знае вистината – сите ривали на Мрачниот витез од Џокер па натаму, постојат само заради тоа што постои Бетмен. Без него тие се никој и ништо, а и обратно.

Слично на тоа, постои впечаток дека дури и филантропите кои се држат подалеку од отворена сцена сакаат да ги решат проблемите што ги предизвикале. Може ли навистина да се борите против нееднаквоста ако самиот сте човечки израз на таа нееднаквост? „Што значи да се борите против сиромаштијата ако е таа последица на системот што ве створил и вас – кога вие и општествената криза сте две страни на една иста монета“, како што често му вели Џокер на Бетмен.

Превод: А.Б.

Извор: The New York Times