Еколошки градови во иднината

21.07.2021 00:49
Еколошки градови во иднината

Нема да чекаме долго за еколошки градови кои воодушевуваат со својот футуристички изглед. Архитектонската фирма BIG претстави план за изградба на три вештачки острови во близина на островот Пенанг во Малезија, кои ќе работат според одржливи принципи.

Амбициозниот проект „BiodiverCity“, кој ќе заземе 1.820 хектари земја, беше инициран од владата на малезиската држава Пенанг, со цел да се создаде глобална дестинација што ќе го стимулира економскиот и културниот раст на Пенанг, истовремено заштитувајќи го крајбрежниот биодиверзитет и нејзините природни живеалишта.

Секој од трите острови „BiodiverCity“ ќе има форма на воден крин и ќе содржи квартови со мешана употреба, паркови од 242 хектари, јавни плажи од 4,6 километри и крајбрежје со должина од 25 километри.

Меѓу 15 и 18 илјади жители ќе најдат нов дом во секој од островите, каде што ќе користат обновливи извори на енергија, вода од локални извори, како и системи за обработка на отпад.

Како градежен материјал ќе се користи комбинација од бамбус, малезиско стебло и „зелен бетон“ направен од рециклирани суровини.

Големо внимание се посветува на сообраќајот, како на островот, така и меѓу нив, така што сите овие зони ќе бидат ослободени од традиционални автомобили, наместо кои ќе патуваат еколошки возила – на копно, вода и воздух, а ќе се градат и бројни пешачки и велосипедски патеки.

Островите исто така ќе имаат мрежа на еколошки коридори ширина од 50 до 100 метри, кои ќе служат како природни резервати и паркови кои поттикнуваат развој на биодиверзитетот.

„BiodiverCity“ беше лансиран како дел од поширокиот проект „Penang2030“, кој има за цел да го направи животот во оваа малезиска земја позелен, попаметен и да го изгради за да одговара на семејство.

Извор: https://www.porta3.mk/

Слични содржини

Јавни Простори / Теорија / Историја
нема
Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото