1008 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 11:59
во детството знаев
дека аквариумот го измислиле умните риби
тоа е лупа низ која
подобро ги гледаат луѓето нивните деца
така е полесно за проучување
отколку низ морските бранови
кои ја деформираат прецизноста на посматрањето
изминаа четириесет години
рибите научници и понатаму нечујно умираат
пловат низ канализационите цевки
со резултатите од тајните истражувања
зашиени во стомачињата
во татковината ги покопуваат со почести
во солена вода
Превод: П. В.