„Циркус Балкански“

21.07.2021 16:01
Циркус Балкански

„Фотографирањето за мене е радост, возбуда, љубов и целосна присутност во моментот сега и тука. Медитација.“

 

„Оваа серија фотографии настана во 2016 година, во ’Циркус Балкански’, во Несебар, Бугарија. Години наназад го гледав циркусот во Несебар, постојано поминував крај приколките на артистите, се воодушевував и се прашував како живеат кога не се на сцена. Отсекогаш ми бил интересен и привлечен тој номадски начин на живот.  Ми требаа 10 години за да соберам храброст да ги прашам дали смеам да ги фотографирам. За среќа, ми дозволија, за што сум им бескрајно благодарна.“

 

 

Маја Аргакијева со фотографија активно се занимава од 2002 година. Учествувала на бројни домашни и меѓународни изложби и добитник е на повеќе награди, меѓу кои неколку први награди на конкурсите за фотографија - Денови на македонска фотографија, Меѓународен Фото Салон Куманово и Фотомедиа.

Од 2011 година започнува професионално да се бави со фотографија, како фотограф на новороденчиња и бебиња. Од 2017 година е фотограф на концертите на Македонска Филхармонија. Во меѓувреме ги фотографира своите ќерки близначки, Каја и Веда.

Од 2003 година е член на Фото Клубот Елема од Скопје.

 

Извор: „Дванаесет македонски фотограф(к)и“; Темплум, 2019.

Слични содржини

Фотографија / Култура / Настан
Фотографија / Култура

ОкоБоли главаВицФото