„Сѐ можам сама“ - илустрации на Чичиро Ивасаки

22.07.2021 11:03
„Сѐ можам сама“ - илустрации на Чичиро Ивасаки

  Чичиро Ивасаки (1918 – 1974) била јапонска уметница и илустраторка најпозната по нејзините илустрации на цвеќиња и деца, изработени со водени бои, каде темата на илустрациите е „мир и среќа за децата“.

Детството го поминала во Токио. Како девојче обожавала да црта. На 14 години започнала да учи цртање и сликање кај Сабуросуке Окада, уметник и универзитетски професор. По завршувањето средно училиште, на 18 години, почнала да учи јапонска калиграфија.

Во 1945 година семејниот дом на Ивасаки бил уништен од авионски напад и со семејството се преселиле во Мацумото, Нагано. Во 1946 година таа се придружила на јапонската комунистичка партија, изразувајќи желба за запирање на војната и на детското страдање.

Во 1956 година ја нацртала својата прва сликовица „Сѐ можам сама“. Во 1960 за сликовницата „Книгата со букви“ ја добила наградата за книги за деца Санеки, а во 1974 „Деца во пламените на војната“ го освоила бронзениот медал на меѓународниот саем во Лајпциг.

За многу од цртежите на бебиња и деца како модел го користела син ѝ, Такеши. Нејзината втора куќа во Токио, изградена во 1952, по нејзината смрт била претворена во музеј на уметност „Чичиро“.

Повеќето нејзини илустрации биле во водени бои, но некои содржеле јапонска калиграфија, а правела и слики во масло. Нејзиниот стил бил под силно влијание на двајца нејзини омилени писатели, Кенџи Мијазава и Ханс Кристијан Андерсен. Еднаш напишала дека почувствувала некаква сличност со Мари Лоренцин кога видела една од нејзините слики, и исто така била импресионирана од Кете Колвиц.















Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Култура
Психологија / Живот / Уметност
Фотографија / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото